Крињица Морска (, ) — гратче и општина на Висланскиот Провлак крај Балтичкото Море во северна Полска со 1.302 жители (2017)Податоци за Крињица Морска — Полска во бројки . Почнувајќи од 1999 г. местото е во состав на Новодвурскиот Округ на Помоското Војводство.
Историја Сè до 1793 г. ова подрачје било во состав на Кралството Полска, а од 1793 до 1945 г. во Кралството Прусија и во Германија. Тогаш селото го носело името Калберг.
Првите податоци за местото се од 1424 г. Околу 1840 г. селото се развило во летно одморалиште. Со влегувањето во Полска по Втората светска војна, дадено му е името Лисица (Łysica) (како полски превод łys- на германското kahl - ќелав). Во 1958 г. е преименувано во Крињица Морска (krynica е архаичен збор за „извор“) како истоветик на другото познато летувалиште во Полска со име Крињица. Во периодот помеѓу 1975 и 1998 г. местото било во тогашното Елблоншко Војводство.
Во 1991 г. е Крињица Морска е прогласена за град (и општина), и кон неа се здружени селата Нова Карчма и Пшебрно, дотогаш во општината Штутово.
Особености и знаменитости Гратчето е главно посетителско одредиште на Висланскиот Провлак. Општинското подрачје на гратчето се протега вон него, долж речиси целиот полски дел провлакот сè до руската граница, и опфаќа други места како Пшебрно и Пјаски.
Крињица Морска е општина со најмалку жители од сите во земјата. Поради приклучувањето на селските делови на провлакот кон гратчето, населението е проретчено, и со тоа има намлала густина на населеност од било кој град во Полска — .
Познатиот светилникот првобитно е изграден во 1895 г. Уништена е во 1945 г. кога е минирана при повлекувањето на германската војска. Во 1951 г. е изграден нов светилник кој денес е отворен за посетители. До него има мали гробишта со споменик на советските војници настрадани во минирањето.
Поврзано Вислански Залив Вислански Провлак
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градови во Поморското Војводство Категорија:Општини во Поморското Војводство Категорија:Новодвурски Округ (Поморско Војводство) Категорија:Западна Прусија