мини|Плоча со сликата на Корен Абрахамијан во Ереван

Корен Бабкенович Абрахамијан (; Ереван, 1 април 1930 — Ереван, 10 декември 2004 година) бил ерменски глумец и режисер, народен уметник на Советскиот Сојуз. Студирал на ереванскиот Институт за театарска и ликовна уметност и дипломирал во 1951 година. Од тогаш тој има работено во државниот академски театар Сандукијан во Ереван како глумец.

Некои од неговите филмови се: „Хроника на ереванските денови“, „Браќата Саројан“ (каде го глуми Геворг Абрахамијан), „Ние и нашите планини“, „Долг живот“, „Господарот“, а глумел и во советскиот филм „Прв ешалон“ во 1955 година.

Корен Абрахамијан умрел на 10 декември 2004 година. Тој бил погребан на пантеонот Комитас, во центарот на Ереван.Abrahamyan's memorial tombstone at Komitas Pantheon

Наводи

Надворешни врски

(англиски)

Категорија:Статии со надворешни врски на англиски Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Советски глумци Категорија:Ерменски глумци Категорија:Починати во 2004 година Категорија:Народни уметници на Ерменија Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Народни уметници на СССР