Дифенилметан е органско соединение со формула (C6H5)2CH2. Соединението се состои од метан во кој двата водородни атоми се заменети со фенилни групи. Дифенилметилната група исто така е позната како бензхидрил.
Се добива со Фридел-Крафтсова алкилација на бензил хлорид со бензен во присуство на Луисова киселина како алуминиум трихлорид: C6H5CH2Cl + C6H6 → (C6H5)2CH2 + HCl
Наводи
Категорија:Ароматични јаглеводороди Категорија:Бензил соединенија