Пучки Залив (, , ) — плиток залив во Балтичкото Море, западен огранок на Гдањскиот Залив на брегот на Источното Поморје, северозападна Полска. Одделен е од морето со Хелскиот Провлак.
Заливот има просечна длабочина од 2 до 6 м. Псредината на Хелскиот Провлак од Рева до Кужњица се протега песочен плитар. Пристап во заливот имаат само чамци и мали бротчиња, кои задолжително пловат по подлабоките делови. Под заливот има лежишта на поташа (калиумска сол).
Поважни пристанишни градови на Пучкиот Залив се Пуцк, Јастарња и Хел.
Поврзано Хелски Провлак Гдањски Залив Пучки Округ
Наводи
Надворешни врски
Портал посветен на Пучкиот Залив Пучки Залив — проект „Зостера“
Категорија:Заливи во Полска Категорија:Заливи во Балтичкото Море Категорија:Пучки Округ