Соња Абаџиева ( во ) — македонски историчар на уметноста.

Животопис

Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1965). Била кустос и директор на Музејот на современа уметност во Скопје. Автор е на 15 монографии, на повеќе од 300 изложби (Антологија на македонската ликовна уметност 1984-1994, Биенале во Венеција, Зрачења) и на книги (Длабоко дишење, 2002; Идеја-тека, 2003; Континуитет, 2004). Таа е основач и уредник на сп. „Големото стакло“. Објавува критики и теориски написи што се одликуваат со суштински одредници за современата ликовна уметност, со акцент врз значенските и аксиолошките функции на уметничките појави.

Наводи

Категорија:Македонски историчари на уметноста Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонци во Бугарија