Тодорка Кондова-Зафировска ( во Прилеп — во ) — македонска глумица и режисерка.
Животопис
Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Таа била член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште. Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска глумица, режисерка и професорка по глумечко мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврдило со објавениот учебник „Глумечко мајсторство“.
Филмографија Година Филм Улога 1967 Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија 1968 Лудиот и калугеррицата ТВ-филм 1971 Земјаци ТВ-филм 1972 Пријатели ТВ-филм 1973 ТВ ребус ТВ Мини серија 1973 Недела ТВ-филм Ангелина 1975 Волшебното самарче ТВ-серија 1977 Дожливото Сонце ТВ-филм 1977 Итар Пејо Василика 1980 Учителот ТВ-филм 1981 Самотија ТВ-филм Милјана 1982 Илинден ТВ-серија 1982 Јагне на ражен ТВ-филм Лена 1984 Нели ти реков ТВ-филм 1984-1987 Случки од животот ТВ-серија Ана 1986 Солунски патрдии ТВ-серија Евдокија 1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Атина 1989 Цвеќе на карпата ТВ-филм Докторка 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
Награди Награда „11 Октомври“ (1960) и (1983) Награда „Уметник на годината“ според анкетата на „Екран“ (1980) Награда на весникот „Дневник“ од Нови Сад, за улогата на ликот царицата во претставата „Јане Задрогаз“ (1975) Награда „13 Ноември“ (1984) Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (1992)
Наводи
Категорија:Глумици од Прилеп Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски глумци Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски учебникари Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Професори на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет