Ружица Керамичиева (моминско: Михајлова; во ) — македонски психолог, универзитетска професорка на Филозофски факултет во Скопје.
Животопис
Дипломирала на Филозофски факултет во Белград во 1961 година, потоа во 1969 година станала магистер, за потоа и да докторирала во 1976 година. На Институтот за психологија при Филозофски факултет во Скопје се вработила во 1976 година веднаш по докторирањето. Таму ги поминала сите звања до редовен професор и во 2001 година се пензионирала. Ги предавала предметите: Развојна психологија (во учебната 1986-1987), освен на Филозофскиот факултет предавала и на Дефектолошкиот факултет во Белград, методика која била наменета за студентите по психологија, предавала и психологија на Филозофски и Филолошки факултет.
Предмет на научно проучување и се говорот и мислењето кај децата, а особено се посветила на методиката каде што ја вградила интерактивната настава и активното учење.
Наводи
Надворешни врски Ружица Керамичиева на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()
Категорија:Луѓе од Суботица Категорија:Македонски психолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски психолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонци во Србија