Нада Митева ( во ) — македонски биолог и универзитетска професорка.
Животопис
Основно образование завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Во учебната 1966/67 година се запишала на ПМФ, група биологија. Дипломирала во 1970 година. Во 1972 година се вработила како договорен асистент на Биолошкиот факултет во Скопје. Во 1975 година е избрана за асистент по предметот општа биологија за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет во Скопје. Магистерската работа ја одбранила во 1978 година, а докторската дисертација во 1987 година. За доцент е избрана во 1988 година, а за вонреден професор во 1993 година. Во звањето редовен професор е избрана во 1988 година. Се занимава со хистоморфолошки истражувања на стаорците и рибите. Објавила околу 40 научни трудови.
Наводи
Категорија:Луѓе од Пехчево Категорија:Македонски биолози Категорија:Македонски универзитетски професори