Татјана Петковска ( во Делиблатското Песочиште) — македонска балерина, педагог и балетски критичар.
Животопис
Балетската едукација ја започнува во Средното балетско училиште во Нови Сад, а ја завршува во училиштето „Луј Давичо“ во Белград. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (група Педагогија). Член е на Балетот при МНТ (1952-1957). Од 1957 година работи како педагог во Балетското училиште, а потоа станува негов директор (1961-1973). Професор е по сценски движења на Факултетот за драмски уметности (1973-1993).
Улоги: Црвенкапа (П.И. Чајковски, „Заспаната убавица“); Кукла (Ф. Лотка „Ѓаволот на село“) и други.
Наводи
Категорија:Македонски балерини Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски балетски критичари Категорија:Македонски универзитетски професори