Николо дел Абате (итал: Niccolo dell' Abbate; Модена, Италија, 1509/1512 — Фонтенбло, Франција, 1571), познат како Николо дел'Абате и Николо Абати, бил италијански маниристички сликар.
Од 1552 работел во Франција каде заедно со Франческо Приматичо бил водач на првото фонтенблоково училиште. Абате бил под стилско влијание на Андреа Мантења илузионист, но исто така и на Кореѓо. Уште позначаен бил неговиот карактеристично маниристички третман на пределот, како во Грабнувањето на Прозерпина. Во неговите дела забележливи се сличностите со Досо Доси, како и со Јоахим Патенир и антверпенската школа. Тој лично го вовел маниризмот во француското пределно сликарство. Неговата главна слика е "Приказна за Аристај".
Галерија
Наводи
Литература
Надворешни врски
Tribune de l'Art:Christophe Brouard, review of the 2005 exhibition
Категорија:Родени во 1509 година Категорија:Италијански сликари Категорија:Француски сликари Категорија:Сликари во маниризмот Категорија:Прва фонтенблоовска школа Категорија:Починати во 1571 година