Луковичесто лутиче () — повеќегодишно растение од семејството на лутичињата. Тоа има привлечни жолти цветови, и три заоблени длабоко засечени основни ливчиња.
Раст лево|мини|Крушковидна луковица
Потекло на поимот Растението го добило името по неговиот препознатлив корен во вид на грутчеста луковица, која се наоѓа веднаш под површината на почвата. По изумирањето на растението како резултат на високите температури во летниот период, луковицата преживува преку зима.S Coles (1973) Ranunculus bulbosus L in Europe. Watsonia 9: 207-228J Sarukhan (1974) Studies on plant demography: Ranunculus repens L., R. bulbosus L. and R. acris L.: II. Reproductive strategies and seed population dynamics. The Journal of Ecology: 151-177 Присуството на луковица го разликува ова лутиче од некои други видови лутичиња на родот Ranunculus како што e острото лутиче (Ranunculus acris), вид кој исто така има карактеристични чашкини ливчиња.
Одгледување и употреба
Просторна распостранетост Ranunculus bulbosus расте во тревници, пасишта и ниви, претпочитајќи сиромашни почви. Иако тоа не е вообичаено, може да се сретне и на пасишта и честопати се сретнува во крајбрежни тревни површини . Природен простор на распостранување на луковичестото лутиче е Западна Европа помеѓу 60° СГШ и северниот дел на средоземниот брег. Тоа расте и во источните и западните делови на Северна Америка како плевел.
Во Македонија расте по влажни ливади, пасишта и камењари, и е доста распространето растение. Познато е за Скопско, Скопска Црна Гора, Кумановско, Шар Планина, Кавадарци и падините на Осогово, а се посочува и за Беласица, Јабланица и Битолско.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 128, МАНУ, Скопје, 1985
Хемиски состојки Ова растение, како и други во семејството на лутичињата, содржи отровен вторичен метаболит ранункулицин - гликозид. Тоа е одбранбен механизам на растението за да се избегне да биде изедено од добитокот. Во сува состојба растението не е отровно.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Европа Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година