Џамија (Тработивиште) — главна и единствена џамија во селото Тработивиште, во Општина Делчево, Македонија.
Историја
Според информации од Исламската верска заедница, џамијата е стара околу три века и била изградена од Челеби Заде додека престојувал во овие краеви, а е посветена на Мухамед Ибин Ибрахим-ага.
Обновата на џамијата завршила во 2016 година и траела две години. Истата била финансиски поддржана од приватен стопанственик по потекло од селото Тработивиште, Ферки Демировски.
Наводи
Категорија:Тработивиште Категорија:Џамии во Општина Делчево Категорија:Џамии во Штипското муфтиство