Камагвеј () е најголемата покраина во Куба. Главен град е Камагвеј. Други градови се Флорида и Нуевитас.

Камагевеј е низинска покраина, речиси без ридови и планински венци. Северното и јужното крајбрежје се одликуваат со бројни големи атоли.

На овие крајбрежја има песокливи плажи, и покрај големиот туристички потенцијал, покраината не е развиена на тој план. Исклучок од ова е плажата Санта Лусија, на северниот брег.

Стопанството во покраината Камагвеј се состои главно од одгледување говеда, шеќер (на север и југ) и полјоделство. Покраината е позната по својата каубојска култура, со чести манифестации на родео. Исто така важни за стопанството се и кокошките и оризот, а постои и мала овоштарска индустрија за одгледување на цитруси. Во главниот град се наоѓа една од малкуте пиварници во земјата.

Општини ОпштинаНаселение(2004)Површина(км²)МестоположбаВертиентес ГвајмароЕсмералдаКамагвејКарлос М. де СеспедесМинасНахасаНуевитасСанта Крус дел СурСибаису Сиера де КубитасФлоридаХимагвају

Извор: Население од пописот во 2004 г. Површина според општинската прераспределба од 1976 г.

Наводи

Надворешни врски

Портал на покраината Камагвеј

Категорија:Покраини во Куба