Плоштадот Слобода (, ), исто така познат и како плоштад Опера и плоштад Театар (Թատերական հրապարակ, Т'aterakan hraparak) до 1991 година — градски плоштад кој се наоѓа во централниот дел на Ереван, Ерменија. Плоштадот е дел од комплексот на „Театар и опера“, кој се наоѓа на југ од главната  зграда на операта, меѓу паркот „Опера“ и Лебедовото Езеро. Заедно со плоштадот Република, плоштадот Слобода е еден од двата главни плоштади во централниот дел на Ереван. Се граничи со четири улици: Туманјан, Терјан, авенијата Сајат Нова и авенијата Маштотс. Статуите на писателот Ованес Туманјан и на композиторот Александар Спендиарјан се наоѓаат на овој плоштад.

Во политиката Поради традицијата на одржување демонстрации, овој плоштад често е опишуван како Плоштад на демократијата.

На плоштадот може да се застанат околу 40.000, 42.000—45.000 до 50.000 лица.

1988: Движењето за Карабах Полукружниот плоштад е познат по својата истакната улога во современата историја Ерменија. Уште од основањето на движењето за Карабах во февруари 1988 година, плоштадот „Слобода“ бил центар на народни демонстрации. За да се смират демонстрациите, плоштадот бил неколкупати затворан во текот на 1988 година од страна на советската полиција и војска.

Постизборни протести Откако Ерменија стекнала независност во 1991 година, плоштадот бил главна локација за собири против владата, посебно по претседателските избори во 1996, 2003, 2008 и 2013 година.

По претседателските избори во 2008 година, илјадници приврзаници на водачот на опозицијата на ерменскиот прв претседател, Левон Тер-Петросјан, се собрале на плоштадот. Во раните утрински часови на 1 март 2008 година, овие мирни протести биле насилно угушени од страна на полицијата, и плоштадот бил затворен за цивили. Дваесет дена потоа, плоштадот и натаму бил окупиран од страна на полицијата и војската со ццел да се спречат демонстрациите. Подоцна, плоштадот бил затворен за јавни собири цели три години, сè до 17 март 2011 година, кога Ерменскиот национален конгрес оджал голем собир.

Подземен паркинг На 28 август 2008 година, ерменската влада донела одлука да се започне со изградба на подземен паркинг под плоштадот, за да се ослободат околните улици каде паркираните автомобили го успоруваат и го комплицираат сообраќајот во тој дел од градот. Опозицијата тврдела дека оваа одлука имала за цел спречување за одржавање демонстрации на плоштадот, иако владата ги отфрлила ваквите обвинувања. Паркингот на три нивоа за 500 автомобилиОткрытие подземного паркинга у Оперного театра бил отворен на 24 мај 2010 година во присуство на градоначалникот Гагик Белгарјан и претседателот Серж Саргсјан, а целиот проект чинел четири милијарди ерменски драмиНа площади Свободы в Ереване открылась подземная трехуровневая автостоянка или околу 10,5 милиони долари.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Згради и градби во Ереван