.mk е врвен македонски највисок државен домен.

Примарен опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен „.mk“ е Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНет.

Во согласност со одлуката на Управниот одбор на МАРНет од 8 мај 1995 година, а врз основа на правата делегирани од страна на IANA, избран е хиерархиски модел на адресирање во рамките на врвниот македонски домен ".mk".

Видови домени

Примарен домен и кој има право на негово регистрирање е: .mk - трговски друштва, државни органи на Република Македонија и др.

Второстепени домени и кој има право на нивно регистрирање се: .org.mk - непрофитни организации и здруженија, политички партии, фондации, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и сл., странски амбасади во РМ, непрофитни странски организаци. .com.mk - трговски друштва, подружници на домашни и на странски трговски друштва во РМ, претставништва на странски лица во РМ, физички лица регистрирани за вршење дејност, нотари, комори, задруги, финансиски организации и сл. .gov.mk - органите на Република Македонија и другите органи, установи и сл., утврдени со Уставот на Република Македонија; јавни и државни установи утврдени со закон, јавни претпријатија, единици на локалната самоуправа, градот Скопје и сл. .net.mk - организациите регистрирани за давање мрежни услуги на трети лица. .inf.mk - домени од посебно значење за Република Македонија. .name.mк - физички лица. .edu.mк - образовни и научноистражувачки установи.

Кириличен домен Во ноември МАРнет започна со процесот на воведување кириличен национален домен. Првата фаза од процесот беше прибирање на предлози за формата на доменот. Поднесувањето предлози се одвиваше на официјалната страница на МАРнет и траеше од 19 ноември до 3 декември 2012 година. Избраниот предлог треба да ги содржи буквите од државата (кратенка или цело име) и тој ќе биде предложен за официјална регистрација.Official webpage of MARnet На анкетата победил доменот .мкд.

Конечни резултати

За време на гласањето за македонски кириличен домен гласале 2.288 гласачи и конечните резултати се:

+ Домен Гласови% .мкд 1.67073 .мак 32414.рм1557.македонија1225.рмкд100.рмак70

Кириличниот домен .мкд е поднесен за официјална регистрација како македонски кириличен домен, а прифатен и регистриран на 20 март 2014.

Наводи

Надворешни врски Македонскиот регистар за семрежни поддомени (МАРНет) Анализа на домените од второ и трето ниво во Македонија заклучно со 1 јануари 2006 година

Категорија:Национални симболи на Македонија Категорија:Највисоки државни домени Категорија:Семрежјето во Македонија Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија

sv:Toppdomän#M