300px|мини|Акутно воспалено и зголемено слепо црево, исечено по должина. Апендицит е воспаление на апендиксот. Најчест причинител е опструкција на апендиксот од фекална маса, меѓутоа во некои случаи настанува воспаление и без опструкција. Чести симптоми се болка во десниот долен дел на абдеоменот, наузеа, повраќање и намален апетит. Сепак, околу 40% од пациентите ги немаат овие типични симптоми. Како што ткивото станува воспалено, настанува оток, снабдувањето со крв е компромитирано, и бактерии може да пролиферираат во ѕидот. Нетретиран, апендиксот може да пукне и да ја ослободи својата содржина во перитонеумот, што претставува животозагрозувачка ситуација.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воспаленија Категорија:Акутна болка Категорија:Медицински поими Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Итни медицински состојби