230px|мини|десно|Расол 230px|мини|десно|Расол со месо
Расол или кисела зелка – прехранбен производ кој се добива од зелка со ферментација со разни бактерии, меѓу кои се Leuconostoc, Lactobacillus и Pediococcus.Farnworth, Edward R. (2003). Handbook of Fermented Functional Foods. CRC. ISBN 0-8493-1372-4.http://www.fao.org/docrep/x0560e/x0560e10.htm.
Расолот има долг рок на траење и карактеристично кисел вкус кој доаѓа од млечната киселина настаната со бактериската ферментација на шеќерот во зелката.
Историја Ферментираните намирници имаат долга историја во многу култури. Денес, најпознати се два ферментирани производи – расолот и корејскиот кимчи (национално јадење подготвено од ферментиран сезонски зеленчук и други состојки). Римските писатели Марко Порциј Катон Постариот ( во својата "De Agri Cultura") и Колумела (во својата "De re rustica"), споменале конзервирана зелка и репа со додаток на сол. Се верува дека во Европа, во денешниот облик дошол 1000 години подоцна, кога го донел Џингис-кан http://kitchenproject.com/history/sauerkraut.htm Татарите во Европа го донеле во своите торби. Расолот најмногу се одомаќил во источноевропската и германските кујни, но и во други земји, вклучувајќи ја и Франција.
Морепловецот Џејмс Кук секогаш носел расол на своите поморски патување за да ја спречи појавата на скорбут.
Рецепт Рецептот за расол е едноставен. Потребни се следниве состојки: зелка, крупна сол (на 20 кг зелка, 1 кг сол) и водаЕдноставен рецепт за расол на семрежното место на Сè за храна.
Зелките се чистат од надворешните оштетени лисја, им се вади продолжението од коренот, тоа место се полни со сол и се редат во буре. Според некои рецепти вака наредените зелки се оставаат извесно време, па наредниот ден преостаната сол се меша со вода и тура во бурето. Водата треба ги покрие зелките. Најгоре се става камен во плочеста форма за да ги притиска зелките надолу. Третиот ден течноста се преточува (се вади солената вода од бурето за да се размеша солта и повторно се враќа), и истото потоа се права на два дена. По околу 2 недели расолот е спремен за употреба.
Расолот може да се купи и како готов производ спакуван во тегли или во вакуумирани кесички.
Употреба Расолот е во широка употреба во текот на зимските месеци. Од него се приготвуваат разни традиционални јадења како сарма и подварок, а може да се користи и за салата. Расолницата како нус-производ од расол, има своја употреба.
Зелката, со просечна потрошувачка од 37,5 кг по домаќинство, е 4 зеленчук според употребата во Македонија во 2017 годинаПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017. Добар дел од ова е за подготовка на расол.
Поврзано Расолница Салата од расол Подварок Сарма
Наводи
Категорија:Кулинарство Категорија:Јадења Категорија:Македонска кујна Категорија:Источноевропска кујна Категорија:Германска кујна Категорија:Француска кујна