Веласко (англиски и палауански: Velasco) е потопен гребен во сојузната држава Кајангел во Палау.
Географија Гребенот Веласко е со координати и тој е всушност потопен атол кој се наоѓа северно од гребенот Нгаруангл. Овој гребен не е јасно одделен од гребенот Нгаруангел и според сателитските снимки наликува како потопен продолжеток на атолот Нгеруангел. Во правец север-југ е дол околу 30 километри и има широчина од околу 14 километри. Гребенот има овална форма и има вкупна површина од 330 км2. Голем дел од гребенот не е мапиран. Средишната депресија, или лагуна, е со длабочина од 31 до 55 метри, а длабочината на рабовите на гребенот се од 11.9 до 22 метри.
Поврзано Кајангел Палау
Категорија:Кајангел Категорија:Гребени во Тихиот Океан