Матија Перин (роден на 10 ноември 1992 во Латина) — италијански фудбалер, голман на .

Технички карактeристики Се смета меѓу најдобрите италијански голмани на неговата генерација, често е споредуван со Валтер Ѕенга поради одликите и движењата. Се истакнува со одличните релфекси и чувство за позиционирање. Перин, исто така, е познат како голман кој е добар за бранење пенали, а во својата професионална кариера има одбрането дури 10 удари од белата точка.

Клупска кариера Почетоци, Џенова, Падова и Пескара Својте први фудбалски чекори ги направил во фудбалската школа Нова Латина Исонѕо и од рана возраст имал јасна цел: неговата позиција на теренот да биде голманската: "Играв фудбал во дворот и бев најмалиот. Имав 4-5 години. На кратко, секој пат кога ќе добиев топка, јас ја запирав со моите раце, а потоа ја исфрлав. Ми рекоа: ти си створен за да бидеш на голот. И таа идеја ми се допадна. Кога влегов во школата во Латина, веднаш реков дека сакам да бидам голман. На возраст од 13 години тој се преселил во младинската академија на Пистоезе.

Набргу потоа бил забележан од скаутите на Џенова, а во 2008 година се преселил во младинските категории на росболу. Како младинец, со екипата од Лигурија во 2010 година ги освоил Камионато Примавера и Суперкуп Примавера. Своето деби за првиот тим на Џенова во Серија А го имал на 22 мај 2011 година, на возраст од 18 години, во натпреварот Џенова-Чезена 3-2 во последното коло од првенството.

На 8 јули 2011 година тој беше позајмен на Падова во Серија Б, за која дебитирал на 1 октомври 2011 година во гостинската победа со 4-2 над Емполи заменувајќи го повредениот Иван Пелицоли. Тој потоа го одиграл вториот дел од сезоната како стартер, собирајќи 25 настапи на кој примил 39 гола. На крајот на годината тој ја освои наградата "Serie Bwin Awards" како најдобар голман на првенството.

Откако се вратил во Џенова по завршувањето на договорот за заем, на 30 јули 2012 година бил проследен на уште една позајмица во Пескара, новопромовираната екипа во Серија А. Дебитирал за екипата од Абруцо на 18 август, во натпреварот Пескара-Карпи 1-0 во третото коло од Купот на Италија. На 26 август го имал своето деби во лигата во поразот на домашен терен со 0-3 од . Во деветнаесеттото коло, тој бил апсолутен протагонист во победата против (0-2) на стадионот Артемио Франки со 15 одбрани, што бил сезонски рекорд во една натпревар што се однесува до топ пет лигите во Европа (Германија, Франција, Англија, Италија, Шпанија). Перин остварил добра сезона и покрај тоа што го завршил првенството со 66 примени гола во 29 настапи и што Пескара како последнопласиран тим испаднала во Серија Б.

Враќање во Џенова На 1 јули 2013 година, по завршувањето на заемот во Пескара, тој се вратил во Џенова во Серија А, а од клубот објавиле дека Перин ќе остане во клубот наредната сезона и ќе биде прв голман давајќи му го дресот со број 1. Својот прв натпревар за Џенова по пауза од повеќе од две години од своето деби го имал на 17 август 2013 против Специја во Купот на Италија, додека првиот настап за сезоната во лигата го имал на 25 август истата година, во натпреварот против Интер на гости. До крајот на сезоната забележал 37 настапи во лигата.

На 24 септември 2014 година, во натпреварот против , поради отсуството на Лука Антонели, тој излегол на теренот, носејќи ја капитенската лента на лигурската екипа. На 28 септември, по повод 109-тото Дерби дела Лантерна, тој ја достигнал бројката од 100 настапи меѓу професионалците. На 15 март 2015 година тој бил награден од страна на Италијанската Асоцијација за тренери на голманите како најдобар голман на првенствата Серија А, Б и Примавера за сезоната 2013-2014. На 6 јуни 2015 година, поради повреда со која се здобил во натпреварот против на 22 март, тој морал да го оперира десното рамо, поради што бил оддалечен од акција за околу четири месеци.

Перин се вратил на теренот на 18 октомври 2015 година, во осмотто коло од новото првенство во Серија А, во натпреварот во кој Џенова го победила со 3-2 со голот на Панајотис Тахтсидис длабоко во судиското продолжение. Перин станал протагонист на уште една одлична сезона, сè до 9 април 2016 година кога го скинал предниот круцијален лигамент на десното колено по еден судир со соиграчот Есекиел Муњос, во натпреварот против на Мапеи. Интервенцијата му била направена 4 дена подоцна, поради што бил принуден да ја затвори сезоната предвреме и да го пропушти Европското првенство 2016, со прогноза дека целосното закрепнување ќе го чини околу 6 месеци отсуство од терените.

Следната сезона се вратил на 18 септември 2016 година, за натпреварот од 4-тото коло од првенството против Сасуоло, на стадинот Мапеи, токму на местото на кое ја заработил повредата. На 21 септември ја достигнал бројката од 100 настапи во Серија А во дресот на грифоните во натпреварот против , што завршил 0-0. Неколку месеци подоцна, на 8 јануари 2017 година, тој бил жртва на истата повреда, овој пат на левото колено.

Во сезоната 2017-2018 бил назначен за капитен на Џенова, по заминувањето од клубот на Николас Бурдисо. По закрепнувањето од последната повреда на левото колено, Перин се вратил на теренот на 13 август 2017 година, во натпреварот од третото коло на Купот на Италија против . По неколку сезони по ред кој му биле испрекинати од повреди сезоната 2017-2018 конечно успеал да ја започне и заврши играјќи во континуитет забележувајќи 38 настапи во сите натпреварувања (37 во Серија А) на кој примил 43 гола, а во 12 од нив ја сочувал својата мрежа чиста.

Јувентус

На 8 јуни 2018 Перин потпишал договор со Јувентус во трансфер вреден 12 милиони евра (плус бонуси). Тој бил втор голман на бјанконерите зад Војќех Шченсни, кој пристигнал во Торино претходната сезона. Дебитирал за Јувентус на 26 септември 2018 година, во 6-тото коло од првенството, во победата со 2-0 на домашен терен против . На 16 јануари 2019, го освоил својот прв трофеј со Јувентус, Суперкупот на Италија со победата од 1-0 над Милан во Џеда. Одиграл вкупно девет натпревари, сите во лигата, придонесувајќи за освојувањето на своето првото скудето во кариерата.

Во јули 2019, Перин бил поврзан со преселба во португалската екипа Бенфика; но, поради повреда на рамото не ги минал медицинските прегледи и трансферот пропаднал. Во меѓувреме поради враќањето на Буфон како резерва за Шченсни, Перин паднал во улогата на четврти голман на клубот, зад споменатите двајца и Карло Пинсољо; како таков, во септември, тој бил изоставен од тренерот Маурицио Сари од списокот на Јувентус со 22 играчи пријавени за настап во Лигата на шампионите. На 15 декември 2019, го добил првиот повик за сезоната за првенствениот натпревар против , но не играл.

На 2 јануари 2020 година, тој се приклучил на Џенова на позајмица до крајот на сезоната 2019–2020. Три дена подоцна, тој го имал својот прв настап по враќањето во Лигурија, во победата на домашен терен со 2-1 над Сасуоло во Серија А. На 5 септември 2020 година, неговата позајмица во Џенова била продолжена до крајот на сезоната 2020–2021.

Во летото 2021 година, Перин се вратил во Јувентус како резерва на Шченсни. На 26 септември, тој бранел во првенствената победа со 3–2 против Сампдорија на Алијанц. На 8 декември, тој го направил своето деби Лигата на шампионите, а воедно и во некое од европските натпреварувања, чувајќи ја својата мрежа сува во победата со 1-0 на домашен терен над Малме во последниот натпревар од групната фаза.

Репрезентативна кариера Перин играл во сите младински национални репрезентации, почнувајќи од онаа под 17 години, со која настапил на Светско првенство за играчи под 17 години во 2009 година.

Своето деби за репрезентацијата под 21 година, го направил на 11 август 2010 година на возраст од само 17 години и 9 месеци, заменувајќи го Вито Маноне во пријателски натпревар против Данска.

На 10 август 2012 година, тој за прв прв бил повикан во сениорската репрезентација на Италија од селекторот Чезаре Прандели по повод пријателскиот натпревар против Англија на 15 август во Берн. Следната 13 мај 2015, тој се нашол меѓу 30-те играчи кандидати повикани од Прандели за Светското првенство во фудбал 2014, а подоцна на 1 јуни бил вклучен и во официјалниот список од 23 фудбалери учесници на турнирот, како трет голман зад Џанлујџи Буфон и Салваторе Сиригу. Тој влегол во историјата како првиот голман на Џенова во историјата на клубот кој бил повикан да учествува на Светско првенство.

Своето деби во националниот дрес го имал на 18 ноември 2014 година, на возраст од 22 години, влегувајќи во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија-Албанија (1-0) одигран во Џенова.

Тој бил дел од тимот и на следниот селектор Антонио Конте, но повредата на коленото претрпена во април 2016 година го спречила да учествува на Европското првенство 2016. Тој се вратил во репрезентацијата под водство на селекторот Вентура, но не забележал ниту еден настап бидејќи најчесто бил трет голман зад Буфон и младиот Џанлујџи Донарума.

Перин добил повик и од четврти селектор, Роберто Манчини, под чие водство исто така, го имал и својот втор настап на 4 јуни 2018 против Холандија, играјќи како стартер за првпат.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 август 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 А 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0 2010-2011 А 1 -2 КИ 0 0 - - - - - - 1 -2 2011-2012 Б 25 -39 КИ 0 0 - - - - - - 25 -39 2012-2013 А 29 -66 КИ 1 0 - - - - - - 30 -66 2013-2014 А 37 -50 КИ 1 -2 - - - - - - 38 -52 2014-2015 А 32 -38 КИ 1 0 - - - - - - 33 -38 2015-2016 А 25 -30 КИ 0 0 - - - - - - 25 -30 2016-2017 А 16 -19 КИ 0 0 - - - - - - 16 -19 2017-2018 А 37 -42 КИ 1 -1 - - - - - - 38 -43Вкупно Џенова 148 -181 3 -3 - - - - 151 -184 2018-2019 А 9 -8 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 9 -8 2019-јан. 2020 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0 јан.-авг. 2020 А 21 -38 КИ 0 0 - - - - - - 21 -38 2020-2021 А 32 -44 КИ 0 0 - - - - - - 32 -44 2021-2022 А 5 -7 КИ 5 -6 ЛШ 1 0 СИ 1 -2 12 -15 2022-2023 А 11 -7 КИ 4 -3 ЛШ+ЛЕ 2+1 -4 + 0 - - - 18 -14 2023-2024 А 3 -1 КИ 5 -3 - - - - - - 8 -4 2024-2025 А 5 -3 КИ 1 -1 ЛШ 3 -4 СИ+Скп 0 0 9 -8 2025-2026 А 9 -9 КИ 1 -3 ЛШ 4 -6 - - - 14 -18Вкупно Јувентус 42 -35 16 -16 11 -14 1 -2 70 -67Вкупно во кариерата 298 -403 20 -19 11 -14 1 -2 331 -438

Одбранети пенали Извор: transfermarkt

Подолу се прикажани само пеналите во регуларниот дел од натпреварите по 90 минути или продолженија. Ако некој од натпреварите се одлучувале по изведување на пенали, таквите евентуални одбрани нема да бидат прикажани во овој список.

Вкупно одбранети пенали: 12

#СезонаНатпреварувањеДатаЕкипаНатпреварРезултатИзведувач на пеналот1.2010-2011Кампионато Примавера23 октомври 2010 (П) - (П) 2-2 Гастон Бругман2.2011-2012Серија Б1 мај 2012 - 0-2 Џанлука Сансоне3.2012-2013Серија А1 септември 2012 - 3-0 Роландо Бјанки4.2013-2014Серија А23 ноември 2013 - 1-1 Марио Балотели5.2013-2014Серија А27 април 2014 - 1-1 Герман Денис6.2014-2015Серија А9 ноември 2014 - 1-1 Данило Авелар7.2014-2015Серија А30 ноември 2014 - 0-3 Емануел Кашоне8.2015-2016Серија А21 февруари 2016 - 2-1 Антонио Ди Натале9.2016-2017Серија А22 октомври 2016 - 2-1 Фабио Кваљарела10.2019-2020Серија А19 јули 2020 - 2-1 Марко Манкозу11.2022-2023Серија А3 септември 2022 - 1-1 Лука Јовиќ12.2024-2025Лига на шампиони22 октомври 2024 - 0-1 Енцо Мило

Титули Џенова Кампионато Примавера : 1 2009-2010 Суперкуп Примавера : 1 2010

Јувентус Серија А : 1 2018-2019 Куп на Италија : 1 2023-2024 Суперкуп на Италија : 1 2018

Наводи

Надворешни врски

Матија Перин на soccerway Матија Перин на transfermakt Матија Перин на whoscored Матија Перин на espn Матија Перин на tuttocalciatori

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски голмани