Благун или сладун () – вид даб што има благи лисја или благи желади. Овадрво е од родот дабови, семејство Fagaceae. Претежно расте во јужна Европа и југозападна Азија.

Во Македонија расте во пониските делови на дабовиот шумски појас, до 700 метри надморска височина, а на варовничка подлога се искачува и до 1000 па и до 1200 метри. Расте на сосема плитки почви, и претставува широко распространет вид.

Опис мини|лево|250п|Желади и лисје на благун мини|лево|Суви желади и лисје на Quercus pubescens мини|лево|Пресек на стебло на Quercus pubescens Корењата се развиени и добро растат во каменита подлога.

Стеблото може да достигне и 20 м, покриено е пепелаво-сива кора, која има длабоки надолжни и попречни бразди.

Лисјата се светлозелени и мазни од страна на лицето и темнозелени со влакненца на опачината. Рабовите на лисјата се длабоко засечени, па има обли и широки запци.

Цветовите се еднополни. Женските цветови се јавуваат во групо до 2 до 5 или поединечно, а машките се собираат во реси. Плодовите (желадите) се тркалезни со пречник од околу 2 см.

Живеалиште На благунот му одговара субмедитеранска клима и плитки каменити тла.

Поврзано Даб Горун Обичен даб

Надворешни врски

Категорија:Дабови Категорија:Листопадни дрва Категорија:Флора на Европа Категорија:Дендрологија Категорија:Шумарство Категорија:Хортикултура Категорија:Флора на Македонија