мини|дясно|270п|Искосена ливада крај германскиот град Вупертал. Ливада () — ареал од рамен или нерамен терен каде предоминираат треви. Обично местото наречено ливада има повеќе биоразновидност отколку пасиштето бидејќи тоа содржи не само трева, туку и многубројни едногодишни, двегодишни и повеќегодишни растенија.

Преодни ливади Преодна ливада се јавува кога едно поле, пасиште, обработливо земјиште или друга исчистена земја повеќе не се исползува за земјоделство или пасе во голема мера и истото почнува да обраснува. Меѓутоа штом условите за ливада се достигнат, оваа состојба е само привремена, бидејќи овие колонизатори ќе бидат засенчени од дрвенестите растенија кои ќе надојдат и добро ќе се прилагодат.

Вечна ливада Вечна ливада е онаа ливада каде животните околности засекогаш не им даваат на дрвенестите растенија да виреат. На пример: Алпски ливади се јавуваат на поголеми височини и се одржуваат со суровите климатски услови Крајбрежни ливади се одржуваат со прскањето на солената вода Пустински ливади се одржуваат со ниски количини на атмосферски врнежи Прерии се одржуваат со периоди на сурови суши и како такви се подложни на шумски пожари.

Ливадата како тема во уметноста „Таму долу в ливаѓето“ — македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 133. „Под Битола ливада“ — македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 127-128. „Ливадата се подновила“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 61-62. „Ливада со трева“ (англиски: An Acre of Grass) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 165. „Ливада“ — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 8. „Грантчестерски ливади“ (англиски: Grantchester Meadows) — песна на британската рок-група Пинк флојд од 1969 година.Discogs, Pink Floyd – Ummagumma (пристапено на 13 февруари 2021)

Поврзано Велд Влажна ливада Крајбрежна рамница Пасиште Плавна ливада Плато Поле Прерија Рамнина Савана Степа

Надворешни врски Корнелов Универзитет Вашингот Пост, „Денес 32,000 семиња; утре, ливада“ Садење ливада

Наводи

Категорија:Копнени биоми Категорија:Земјишни облици Категорија:Грцизми Категорија:Управување со земјиште