Венко Андоновски (Куманово, 30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. Дописен член на МАНУ.
Биографија Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 24.
За дописен член на МАНУ бил избран на 30 март 2022 година.
Творештво Творештвото на Андоновски е богато и се состои од поезија, раскази, романи, драми, есеи и книжевна критика. Тој е еден од најчитаните македонски писатели во 21 век: неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски итн.Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343-344.
Библиографија Негови најважни дела се:Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343.Венко Андоновски ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за 2022“ (пристапено на 6.2.2023)
Поезија: Нежното срце на варварот, (1986).
Раскази: Квартот на лиричарите (1989), Фрески и гротески (1993). Припитомување на кучката (2018)
Романи: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006), Ќерката на математичарот/33,33 (2013), Папокот на светлината (2022).
Драми: Адска машина (1993), Бунт во домот за старци (1994), Словенскиот ковчег (1998), Црни куклички (2000), Папокот на светот, Кандид во земјата на чудата (2001), Кинегонда во Карлаленд (2006), Граница (2008), Светица на темнината (2010), Олово на перница (2010), За секого има по една, Генетика на кучињата, Ана Каренина — македонска приказна, Исус на Масада, Господарот на кукавицата, Јов
Критика и културологија: Матошевите ѕвона (1996), Текстовни процеси (1997), Структура на македонскиот реалистичен роман (1997), Дешифрирања (2000), Воскресението на читателот, Обдукција на теоријата — Жива семиотика (том 1) Обдукција на теоријата — Наратологија (том 2) Зеницата на Македонија (Историја на македонската светлина), заедно со Глигор Стојковски Достоевски и Мекдоналдс (2019)
Филмски сценарија: Превртено
Награди и признанија За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите: „Рациново признание“, прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје, наградата за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, наградата на „Утрински весник“ за роман на годината, наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“), „Кочиќево перо“ „Југра“ (руска награда за најдобар роман во словенските книжевности) 2013 - Награда „Стале Попов“ за „Ќерката на математичарот“. 2021 - Награда „Ванчо Николески“ за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“ 2022 - Награда „Стале Попов“ за „Папокот на светлината“. 2023 - Награда "Златна бубамара на популарноста
Наводи
Белешки
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски академици Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Добитници на наградата „Ванчо Николески“ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Академици на МАНУ