Реал Бетис Баломпие почесто нарекуван како Реал Бетис или само како Бетис, е шпански фудбалски клуб со седиште во Севиља, во автономната област Андалусија. Основан на 12 септември 1907 година, игра во Ла Лига, и ја освоил Сегунда Девизија во 2014–15 сезона. Своите натпревари ги игра на стадионот Бенито Виљамарин на југот од градот.

Реал Бетис ја освоил титулата во 1935 година и Кралскиот Куп во 1977 година и 2005 година.

Историја Името "Бетис (Betis)" е добиено од Baetis, Римско име за реката Гвадалкивир (Guadalquivir) која поминува низ Севиља и по која е наречена Римската провинција. Реал било додадено во 1914 година откога клубот добил покровителство од Кралот Алфонсо XIII.

Основање thumb|right|Реал Бетис, 25 декември 1913 thumb|right|200px|Бетис 1934-35 Ла Лига титулата е прославена со оваа скулптура во Севиља Соперниците на Бетис од градот, Севиља биле прв клуб од Севиља, кој бил основан во октомври 1905 година, додека вториот клуб, Sevilla Balompié бил основан во септември 1907 година. "Balompié" буквално се преведува како "фудбал", спротивно на најчесто прифатената англиканска верзија, "fútbol". Balompié бил основан од студенти од локалната Политехничка Академија, и бил во оптек две години пред официјално да биде признаен (во 1909 година); и покрај тоа, 1907 година останува датумот на официјалното основање на клубот.

По внатрешното одделување од Севиља, бил формиран друг клуб, Фудбалски Клуб Бетис. Во 1914 година, тој се припоил кон Sevilla Balompié. Клубот го стекнал неговото кралско покровителство истата година, и затоа го прифатил името Реал Бетис Баломпие. Обожавателите продолжиле да го нарекуваат клубот како Balompié и самите биле познати како Los Balompedistas сè до 1930-тите, кога Betis и придавката Béticos станале честа терминологија при дискусија за клубот и неговите следбеници.

Реал Бетис (Real Betis) носи дрес со зелена и бела боја како чест кон нивниот најпознат менаџер Педи О,Конел (Paddy O'Connell), кој бил од Ирска. Тој го предводел Бетис кон титула во 1934 година со еден единствен бод предност пред Реал Мадрид.

1930-тите: промоција, титула и испаѓање За време на Втората Шпанска Република (1931–1939), покровителствата на сите организации биле поништени, и затоа клубот бил познат како Betis Balompié сè до крајот на Шпанската граѓанска војна кога тој можел да се врати кон старото име. Клубот стигнал до финалето на Кралскиот Куп (Copa del Presidente de la República) за првпат на 21 јуни 1931 година, кога загубил со 3–1 од Атлетик Билбао (Athletic Bilbao) во Мадрид. Бетис ја прославил својата 25-та годишнина со освојување на својата прва титула во Втора лига во 1932, со два бода предност пред Овиедо, со што станале прв клуб од Андалусија кој играл во Ла Лига.

Под водство на Ирскиот тренер Патрик О,Конел (Patrick O'Connell) на 28 април 1935 година Бетис ја освоил La Liga, до денес нивна прва титула во највисоката лига. Тие завршиле како први на табелата со само еден единствен бод пред ФК Мадрид. Следната година Бетис паднал на седмо место. Ова се случило заради разградувањето на шампионскиот тим заради лошата економска состојба на клубот и пристигнувањето на Граѓанската војна, што значело дека само 15 месеци по освојувањето на титулата во лигата само двајца играчи од таа екипа која победила во 1935 година останале во клубот: Перал (Peral) и Саро (Saro). За време на Граѓанската војна во периодот меѓу 1936 и 1939 година, не била одржувана официјална лига, сè до нејзиното продолжување во сезоната 1939–40 година и прва година на опаѓањето на Бетис така што точно пет години по освојувањето на титулата клубот испаднал.

Најмрачниот период И покрај краткото враќање во првата лига кое траело само една сезона, клубот продолжил да опаѓа и во 1947 година најлошите стравови биле остварени кога клубот испаднал во Третата лига. Голем број обожаватели го следеле во периодот од десет години во кој тие поминале во категоријата како клуч за "идентитетот" и "душата" на клубот. Во овој период, Бетис стекнал репутација дека го полни својот стадион и има огромна поддршка на натпреварите на гости, познато како "Зелениот Марш".

Кога клубот се вратил во Втората лига во 1954 година, тој ја стекнал одликата како единствен клуб во Шпанија кој ги освоил сите три највисоки лиги. Најголема заслуга за водењето на Бетис низ овој темен период и назад во Втора Лига лежи во претседателот Мануел Руиз Родригес (Manuel Ruiz Rodríguez).

Бенито Виљамарин (Benito Villamarín) Во 1955 година, Мануел Руиз Родригес (Manuel Ruiz Rodríguez) се повлекол од водењето на клубот верувајќи дека не може да понуди натамошен економски раст. Тој бил заменет од најпознатиот поранешен претседател на Бетис, Бенито Виљамарин (Benito Villamarín). За време на неговото раководење Бетис се вратил во Првата лига во 1958–59 година и завршил на трето место во 1964 година. Нарачката на Стадионот Хелиополис (Estadio Heliópolis) во 1961 година се смета за клучна точка во историјата на клубот – терените биле нарекувани Стадион Бенито Виљамарин (Estadio Benito Villamarín) сè до 1997 година. Во 1965 година, Виљамарин (Villamarín) се повлекол од својата позиција по десет години на чело на клубот.

Само една година по заминувањето на Виљамарин (Villamarín) од клубот, клубот повторно испаднал во Втората лига, потоа влегувал и испаѓал речиси секоја следна сезона сè до консолидирањето на своето место во највисоката дивизија во 1974–75 година.

Првата титула во Кралскиот Куп (Copa del Rey) и квалификување во Европските купови thumb|Real Betis 1974/75 На 25 јуни 1977 година, Бетис играл против Атлетик Билбао (Athletic Bilbao) на стадионот Висенте Калдерон во финалето на Кралскиот Куп (Copa del Rey). Натпреварот завршил 2–2, со победа на Бетис од 8–7 по дури 21 изведен пенал. Тоа ја затворило одличната сезона во која клубот завршил на петто место во лигата.

По тој триумф, Бетис се натпреварувал во Европскиот Куп на Победници на Купови: по елиминацијата на Милан со вкупен резултат од 3–2 во првото коло, клубот стигнал во четвртина финале, каде што загубил од Динамо Москва. И покрај добрите игри во Европа, клубот испаднал од првата лига.

Следната година, Бетис се вратил во елитното друштво и навестил период на "добри времиња" за клубот, со следните три сезони во кои завршил меѓу првите шест клуба, како и квалификации за УЕФА Куп во 1982 година и 1984 година.

За време на летото 1982 година, на стадионот Бенито Виљамарин (Benito Villamarín) се играле два натпревари од ФИФА Светскиот Куп 1982, и исто така бил сведок на победата на Шпанската репрезентација од 12–1 против Малта во рамките на квалификациите за УЕФА Еуро 1984.

Економска криза и Мануел Руиз де Лопера (Manuel Ruiz de Lopera) Во 1992 година, Бетис станал цел на новите правила и регулативи на лигата заради неговото реструктуирање како автономна спортска група (SAD), што бара од клубот да поседува 1,200 милиони пезети, речиси двојно од сите клубови од првата и втората лига, и покрај тоа што цело време се натпреварувал во втората лига.

За само три месеци, обожавателите собрале 400 милиони пезети со тогашниот вице-претседател Мануел Руиз де Лопера со цел овозможување на економска гаранција додека тој самиот станал мнозински акционер така што клубот за малку избегнал префрлање во понизок ранг.

Успехот на Сера Ферер (Serra Ferrer) По уште три сезони поминати во втората лига, под раководство на Лоренцо Сера Ферер, Бетис се вратил во прва лига за сезоната 1994–95 година, и освоил трето место на крајот, со што се квалификувал за УЕФА Купот.thumb|right|Betis' shirts in 2007 bore an emblem for their centenaryВо Европските натпреварувања, Бетис ги елиминирал Фенербахче (со вкупни 4–1) и 1. ФК Кајзерслаутерн (4–1) пред да загуби од поразениот финалист Бордо (3–2). Во 1997 година, 20 години по освојувањето на трофејот за првпат, клубот стигнал до финалето на Кралскиот Куп – повторно во Мадрид, иако овој пат на Стадионот Сантјаго Бернабе – и загубил со 2–3 од Барселона по продолжение.

Случајно, Барса била клубот во кој заминал Сера Ферер (Serra Ferrer) тоа лето, и бил заменет од поранешниот играч Луис Арагонес .Арагонес го предводел клубот само една сезона, освојувајќи осмо место во лигата и четвртфинале во Купот на Победници на Купови, каде што загубиле со вкупни 2–5 од победниците Челзи.

Арагонес бил наследен од контроверзното раководење на Хавиер Клементе, кој плукнал навивач и изјавил дека Андалусија е "друга држава!". Клубот паднал на табелата, и завршил на 11-то место и бил елиминиран во УЕФА Купот од Болоња во третото коло. Следните неколку сезони, Бетис сменил бројни тренери, испаѓање и повторно враќање, по што клубот завршил шести во лигата со Хуанде Рамос на чело.

Рамос заминал по само една сезона и бил заменет од поранешниот тренер-победник на Купот на Победници на Купови Виктор Фернандес. Тој го водел клубот до осмо и деветто место во лигата и трето коло од УЕФА Купот во 2002–03 година, кога бил елиминиран од Оксер (со вкупни 1–2), за време на двете години како предводник на клубот.

За 2004 година, Фернандес бил заменет од Сера Ферер кој се вратил во клубот, кој го водел до четврто место во елитата. Клубот исто така се вратил на Висенте Калдерон на 11 јуни 2005 година за финалето на Кралскиот Куп, победувајќи вторпат во историјата по погодокот во продолжението од младиот Дани во победата од 2–1 против Осасуна.

Овој резултат водел до тоа Бетис да биде прв клуб од Андалусија кој се натпреварувал во УЕФА Лигата на Шампиони, и стигнал до групната фаза по победата врз Монако во последното квалификациско коло (со вкупни 3–2). Извлечен во група Г, и без разлика на победата дома од 1–0 против Челзи, клубот на крај завршил како трет, со што бил "префрлен" во УЕФА Купот, каде што бил елиминиран во осмина финалето од Стеауа Букурешт (0–0 на гости, 0–3 дома).

Прослави на Стогодишнината

Бетис ја прославил својата стогодишнина во 2007 година. Прославата вклучувала специјален натпревар против Милан, актуелните Европски Шампиони, на 9 август, со победа на домаќините од 1–0 со голот на Марк Гонсалес (Mark González) од пенал на почетокот од вториот дел. Седум дена подоцна, клубот го освоил Трофејот Рамон де Каранца (Ramón de Carranza) одржан во соседниот Кадис (Cádiz), со победа против Реал Сарагоса (Real Zaragoza) на пенали во финалето, и Реал Мадрид во полуфиналето.

Во овој период, настапиле големи промени во играчкиот и техничкиот состав, со осум нови играчи кои ги замениле 14-те кои заминале. За време на двете сезони (2006–07 и 2007–08) година кои ја затвориле стогодишнината, Бетис имал четири различни тренери. За време на оваа прослава, клубот бил 37-ми најгледан клуб во Европа според просечна посета.

Втора Лига По многу години без испаѓање од Првата Лига, Бетис во сезоната 2008–09 во последниот натпревар играл 1–1 против Реал Ваљадолид (Real Valladolid) на домашен терен. Со овој резултат, клубот завршил како 18-ти на табелата и испаднал во Втората Лига.

На 15 јуни 2009 година, преку 65,000 Бетикоси, вклучувајќи икони како Рафаел Гордиљо (Rafael Gordillo), Дел Сол (Del Sol), Иполито Ринкон (Hipólito Rincón), Хулио Кардењоза (Julio Cardeñosa) и други, се приклучиле на протестот во Севиља со слоганот "15-J Yo Voy Betis" за да му стават на знаење на мнозинскиот сопственик на клубот Руиз де Лопера (Ruiz de Lopera) дека е време да ги стави своите 54% од акциите на клубот на продажба за да ги купи некој човек, некоја фирма или поддржувач на Бетис и Лопера да биде сменет од ден за ден операциите во клубот.

И покрај протестите, не биле направени промени во раководните структури за време на сезоната, што предизвикало Бетис да не успоее да се врати во Првата Лига.

Процесот на Лопера на суд и продажбата