мини|alt=Илустрација.|Илустрација. Грејси, Сиви или Грејеви (англиски: Greys) е поим со кој се означува претпоставен вoнземски биолошки ентитети. Името го добиле по сивата боја на кожата.
Идејата за постоење на таквите вонземјански суштества настанала во 1961 година, а заснована е на случај на наводно вонземјанско киднапирање на брачниот пар Хил. Меѓутоа, скептиците тврдат дека слични интерпретации постоеле и порано во научнофанатастичните филмови, книги и стрипови.Hamilton, E. T.. стр. 126–131.
Изглед Во основа на исказите од различните очевидци, како и двојните обдукции спроведени во рамки на Розвелски НЛО инциденти, може да се реконструира типичниот изглед на овие суштества. Голем број на известувања ја поставуваат нивната височина помеѓу 100 и 140 см, пониско од просечната висина на човекот. Главата им е поголема во однос на телото. Имаат големи, темни и малку искосени очи, носот е доста слабо нагласен, усните можат да се опишат како една пукнатина, додека е забележан потполен изостанок на какви било видливи отвори од страна на главата, како ушни школки или било која друга форма на органи за слух.Hamilton, E. T.. стр. 100–101.
Во неки случаи устата не се приметува, а се претпоставува дека не им служат за зборување. По таа теорија, се претпоставува дека комуницираат со помош на телепатија. Вратот е долг и тесен, во некои случаи не е приметлив поради некаква облека.
Рацете им биле долги и тенки до колена. На дланките имаат по четири прсти, без палец. Третиот прст им е подолг од четвртиот. Долните делови на телото, во повеќето случаи не се доволно јасно опишани, но постојат тврдења дека стапалата им се прилагодени за живот во водата.
Кожата претежно им е во сива боја, но некои сведоци тврдат дека можат да бидат и розеникаво-сиви. Немаат влакна по телото, Репродуктивните органи или полните разлики помеѓу припадниците не се воочливи, па уфолозите сметаат дека се размножаваат со клонирање.Hamilton, E. T.. стр. 102.
Наводи
Литература Hamilton, E. T., Otmice, fenomen unutar NLO fenomena, Zagrebačka naklada, Zagreb, .
Надворешни врски Skeptics Dictionary: вонземјанско киднапирање
Категорија:Уфологија Категорија:Мистерии Категорија:НЛО Категорија:Мрежичка (соѕвездие)