мини|Микробиолошката лабораторија во Делфт, каде Бејеринк работел од 1897 до 1921 година.|алт= Мартинус Вилем Бејеринк (холандски: Martinus Willem Beijerinck; 16 март 1851 - 1 јануари 1931) — холандски микробиолог и ботаничар. Често се смета за еден од основачите на вирологијата и микробиологијата на животната средина. И покрај неговите бројни пионерски и плодни придонеси за науката воопшто, никогаш не му била доделена Нобеловата награда.

Животопис Бејеринк, кој е роден во Амстердам, студирал на техничката школа во Делфт, каде што во 1872 година добил диплома за хемиски инженер. Станал доктор на науки од Универзитетот во Лајден во 1877 година.

Во тоа време, Делфт, а потоа Политехничкиот, немал право да ги донесува докторите, па Лајден го сторил тоа за нив. Станал учител по микробиологија во земјоделското училиште во Вагенинген (сега Вагенинген универзитет), а подоцна и во Политехничката школа Делфт (Delft Polytechnic, сега Делфтски универзитет за технологија) (од 1895 година). Тој ја основал школата за микробиологија во Делфт. Неговите истражувања во полето на земјоделска и индустриска микробиологија дале основни откритија во областа на биологијата. Неговите достигнувања можеби биле неправедно засенети од оние на неговите современици, Роберт Кох и Луј Пастер, бидејќи за разлика од нив, Бејеринк никогаш не ги проучувал заболувањата кај луѓето.

Во 1885 година станал член на Академијата за уметности и науки на Кралството Холандија.

Научни придонеси Тој се смета за еден од основачите на вирологијата. Во 1898 година, тој објавил резултати од експериментите за филтрација кои покажувале дека мозаичната болест на тутунот е предизвикана од инфективен агенс помал од бактерија. Translated into English in Johnson, J., Ed. (1942) Phytopathological classics. (St. Paul, Minnesota: American Phytopathological Society) No. 7, pp. 33–52 (St. Paul, Minnesota)

Неговите резултати биле во согласност со слични набљудувања направени од страна на Дмитриј Ивановски во 1892 година. Како Ивановски пред него и Адолф Мајер, претходник во Вагенинген, Бејеринк не можел да го култивира инфективниот агенс кој се филтрирал, но заклучил дека агенсот може да се реплицира и да се размножува во живи растенија. Тој го именувал новооткриениот патоген агенс „вирус“ за да ја истакне неговата не-бактериска природа. Бејеринк тврдел дека вирусот е од течна природа, нарекувајќи го „contagium vivum fluidum“ (заразна жива течност). Дури по добивањето на првите кристали од вирусот на мозаичната болест на тутунот (TMV), од страна на Вендал Стенли во 1935 година, по добивањето на првите електронски микрографи на TMV во 1939 година и по првата рендгенска кристалографска анализа на TMV во 1941 година, било докажано дека вирусот по природа е честичка.

Бејеринк, исто така, го открил процесот на врзување на азотот, со кој атмосферскиот азот се претвора во амониумов јон и станува достапен за растенијата. Одредени видови на бактерии вршат азотна фиксација, а често тие се среќаваат внатре во кореновите нодули на одредени мешункасти растенија. Покрај тоа што открил една од биохемиските реакции кои се од суштинско значење за плодноста на почвата и земјоделството, Бејеринк го открил и овој архетипичен пример на симбиоза помеѓу растенијата и бактериите.

Бејеринк го открил феноменот на редукција на сулфатните јони од страна на бактерии, што претставува една од формите на анаеробна респирација. Тој дошол до сознанието дека бактериите можат да го користат сулфатот како терминален акцептор на електрони, наместо кислородот. Ова откритие е од суштинско значење за нашето сегашно разбирање на биогеохемиските циклуси. Spirillum desulfuricans, сега познат како Desulfovibrio desulfuricans, е првата позната сулфат-редуцирачка бактерија, која била изолирана и опишана од Бејеринк.

Бејеринк ја пронашол култивацијата со збогатување на медиумот, што претставува фундаментален метод за проучување на микробите од животната средина.

Личен живот Бејеринк бил социјално ексцентричена личност. Тој бил вербално навредлив за студентите, никогаш не се оженил и имал само неколку професионални соработки. Тој исто така бил познат по неговиот аскетски животен стил и неговиот поглед дека науката и бракот се некомпатибилни. Неговата мала популарност кај студентите и нивните родители периодично го депримирала, бидејќи сакал да го шири својот ентузијазам за биологијата во училницата.

Признавање „Beijerinckia“ (род на бактерии), „Beijerinckiaceae“ (фамилија од редот Rhizobiales), и „Бејеринк“ (кратер) се именувани по него.

Поврзано Мозаична болест на тутунот Вирус на мозаичната болест на тутунот Нитрификација

Наводи

Надворешни врски (англиски) Бејеринк и Делфт школа за микробиологија (англиски) Вирусите и светот на прокариотите (англиски)

Категорија:Родени во 1851 година Категорија:Починати во 1931 година Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Холандски ботаничари Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Виролози Категорија:Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Кружење на азотот Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките