Глог () — група од средновисоки грмушки со разгрането стебло, од фамилијата Рози. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. На пролет, цветовите се со бела или розова боја, а плодот е со темноцрвена боја собран во метличесто соѕвездие. Глогот лечи од срцеви заболувања, болести на аортата, го регулира крвниот притисок, го јакне срцето, помага при нервна напнатост, несоница, потење, зуење во ушите, страв, вртоглавица и влијае и за попуштање на грчот на крвните садови. Растението глог може да се најде под падините на било која планина при крајот на летниот и почетокот на есенскиот период.

Име

Латинското име на глогот е crataegus oxycantha. На македонското јазично подрачје познато е и како гумуншка (Горно Броди, Сер), Мечи јаб'лки (Скржиево, З'ненско), голугин (Белотинци, Неврокоп), хлебничка (Дардере), зајчови јаб'лки (Просечен, Драма), бобинка (Блаца, Костур), таушанка (Височен, Драма), гладун (Осиково, Неврокоп), благунки (Кукуш), личан чал (Равна, Сер).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 4 и 5

Наводи

Надворешни врски

Видови на глогови

Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Јадливи растенија