Есен () — град во централниот дел на областа Рур во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се наоѓа на реката Рур со население од приближно 579.000 жители (до 30 јуни 2008 година) — деветтиот град по големина во Германија. Во 2010 година, Есен бил прогласен за европска престолнина град на културата во име на целата област Рур.
Порано еден од германските најзначајни центри за јаглен и челик и историски поврзан со семејството Круп, градот развил силен и висок сектор за економија и (понекогаш заедно со блискиот Диселдорф) тврдел дека е економски столб на областа Рур. Сега е дом на 13 од 100-те најголеми корпорации во Германија и седиште на неколку од регионалните власти.
Во 1958 година, градот бил одбран за седиште на католичката Есенска епископија (често споменувана како „Рурска епископија“). Во 2003 година, универзитетите на Есен и на блискиот град Дисбург (двата основани во 1972 година) се споиле во еден универзитет под името Универзитет на Дисбург-Есен со кампуси во двата града како и со универзитетска болница сместена во Есен.
Географија Општо
20pxОберхаузен 20pxБотроп 20pxГладбек1 20pxГелзенкирхен 20pxМилхајм на Рур 100px|center|Карта на окрузите и квартовите на Есен Есен(Карта на окрузи и квартови) 20pxБохум 20pxРатинген² 20pxХајлигенхаус² 20pxФелберт² 20pxХатинген³ 1 Округ Реклингхаузен2 Округ Метман3 Енепе-Рур
Градот Есен е сместен во центарот на областа Рур, една од најголемите урбани области во Европа (види: мегалополис), која се состои од 11 независни градови и 4 окрузи со вкупно население од околу 5,3 милиони жители. Градот Есен е долг 87 км и граничи со 10 градови, 5 од нив се независни, а 5 припаѓаат на одредени окрузи, со вкупно население од околу 1,4 милиони жители.
Градот се простира над 21 километар од север кон југ и над 17 километри од исток кон запад, главно северно од реката Рур, која го формира вештачкото езеро Балденој во окрузите Фишлакен, Купфердре, Хајзинген и Верден. Езерото, кое претставува популарна област за рекреација, потекнува од 1931-1933 година, кога неколку илјади невработени рудари го ископале со примитивни алатки. Генерално, големите области јужно од реката Рур (вклучувајќи ги предградијата Шуир и Кетвиг) се со многу зелени површини и се често посочувани како примери за рурални средини во однос на релативно густо населената централна област на Рур.
Најниската точка може да се најде во северната околина на Карнап со надморска височина од 26,5 метри, додека највисоката точка може да се најде во околината на Хајдхаузен со надморска височина од 202,5 метри. Просечната височина изнесува 116 метри.
Градски окрузи
thumb|left|И покрај неговата индустриска историја, Есен генерално е сметан како еден од најзелените градови во Германија. Сликата го покажува округот Кетвиг, припоен во 1975.
Есен се состои од 50 помали квартови, кои се групирани во девет приградски окрузи (германски: Stadtbezirke) често именувани според најзначајните квартови. Секој приградски округ е означена со римска бројка и има локално тело, кое се состои од 19 членови со ограничена власт. Повеќето од окрузите биле независни општини, но постепено се припојувале во периодот од 1901 до 1975 година. Овој долг процес на припојување довел до силна идентификација на населението со нивниот округ или кварт, како и до ретка особеност: Округот Кетвиг, кој се наоѓа јужно од реката Рур и кој не била споен сè до 1975 година има свој сопствен повикувачки број. Притоа (наводно поради релативно високите црковни даноци), Келнскиот архиепископ успеал да го задржи округот Кетвиг под Келнската архиепископија, додека сите други окрузи на Есен и некои други соседни градови ја претставуваат Есенската архиепископија.
Клима
Есен е еден од најтоплите градови во Германија. Има умерено-океанска клима со релативно ладни зими и благи лета. Просечната годишна температура изнесува 10°С: 13,3 °C преку ден и 6,7°С навечер. Просечните годишни врнежи изнесуваат 934 милиметри (37 инчи). Најладниот месец во годината е јануари кога просечната температура е 2,4°С. Најтопли месеци се јули и август со просечна температура од 18°С.
Историја
thumb|300px|Есен на бакрорез од 1647
Потекло на името
Во земјите каде што се зборува германскиот јазик, името на градот Есен често предизвикува збунување во однос на неговото потекло, бидејќи е познато како германски инфинитив на глаголот, „јаде“ и/или германската именка „храна“. Иако научниците сè уште не се согласуваат со интерпретацијата на името, сепак постојат неколку интерпретации кои се вредни за споменување. Најстарата форма на името на градот е Astnide, која била сменета во Essen со менување на формата како што се Astnidum, Assinde, Essendia и Esnede. Името Astnide би можело да се однесува или на регион каде што се пронајдени многу јасенови дрва или на регион од истокот (од царството на Франките)Paul Derks: Der Ortsname Essen, in: Essener Beiträge 103 (1989/90), pp. 27–51. Старогорногерманскиот збор за огниште, Esse, е исто така често спомнуван поради индустриската историја на градот, но е помалку веројатно името на градот да потекнува од тој збор, бидејќи старите форми на името на градот потекнуваат од времето пред индустријализацијата.
Рана историја
Најстариот археолошки пронајдок, Vogelheimer Klinge, датира 280 000 – 250 000 години пред нашата ера. Тоа е нож пронајден во округот Фогелхајм, во северниот дел на градот за време на изградбата на Каналот Рајна-Херне во 1926 година. Други артефакти од каменото доба се исто така пронајдени, иако тие не се многубројни. Искористувањето на земјата било многу развиено, посебно поради рударските активности во индустриското време, па затоа други поголеми пронајдоци од Мезолитот не се очекувани. Пронајдоците од 3000 година пред нашата ера се многу почести. Најважниот пронајдок од тој период е мегалитска гробница пронајдена во 1937 година. Оваа гробница именувана како Steinkiste (Ковчег од камен) се смета како „најраниот зачуван пример од архитектурата во Есен“Detlef Hopp: Essen vor der Geschichte – Die Archäologie der Stadt bis zum 9. Jahrhundert, in Borsdorf (Ed.): Essen – Geschichte einer Stadt, 2002, p. 32.
Есен бил дел од населените области на неколку германски народи (Хати, Бруктери, Марси), иако јасна разлика меѓу овие групи на народи е тешко да се определи.
Замокот Алтебург во јужниот дел на Есен датира од првиот или вториот век пред нашата ера, додека пак замокот Херенбург од осмиот век од нашата ера.
8 - 12 век
thumb|upright|left|Западниот ѕид на Есенската катедрала
Околу 845 година Св. Алтфрид (околу 800-847 година), подоцна Хилдесхајмскиот епископ, основал манастир за жени (coenobium Astnide) во центарот на сегашен Есен. Првата игуменија била Герсвит, која била роднина на Св. Алтфрид (види: Опатија Есен). Во 799 година, Св. Лудгер веќе ја основал бенедиктанската опатија Верден на свое земјиште неколку километри јужно. Регионот бил слабо населен со неколку складишта и стар и веројатно напуштен замок. Додека опатијата Верден служела да ја поддржи мисионерската работа на Св. Лудгер во регионот Харц (Хелмштет/Халберштат), манастирот во Есен бил наменет за грижа на жените од високото саксонско благородништво. Овој манастир не бил манастир во вистинска смисла на зборот, туку бил наменет за резиденција и за образовна институција за ќерките и вдовиците од високото благородништво; предводени од игуменија, другите членови освен игуменијата не биле задолжени да дадат заклетви за невиност.
Околу 852 година започнала изградбата на црква на манастирот и била завршена во 870 година. Во 946 година голем оган ги оштетил црквата и самата населба. Црквата била повторно изградена, значително проширена и претставува основа на денешната катедрала во Есен.
Првото документирано спомнување на Есен датира од 898 година кога Цвентиболд, кој бил крал на Лотарингија, владеел со територија на западното корито на реката Рајна до опатијата. Друг документ, кој го опишува финансирањето на манастирот и наводно датира од 870 година, денес се смета за фалсификат од единаесеттиот век.
Во 971 година Матилда II, внука на царот Отон I, го презела манастирот. Таа станала најважната од сите игумении во историјата на Есен. Таа владеела преку 40 години и го зголемила богатството на манастирот со непроценливи предмети, како што е најстарата канделабра со седум гранки како и Златната Мадона од Есен, најстарата позната скулптура на Пресвета Богородица во западниот свет. Матилда била наследена од други жени кои биле во роднински врски со царевите од династијата на Отон: Софија, ќерка на Отон II и сестра на Отон III, и Феофану внука на Отон II. За време на владеењето на Феофану, Есен кој бил споменуван како град од 1003 година, го добил правото да одржува пазари во 1041 година. Десет години подоцна Феофану го изградила источниот дел од манастирот во Есен. Неговата гробница ги содржи гробниците на Св. Алтфрид, Матилда II и на самата Феофану.
13 - 17 век
Во 1216 година манастирот, кој бил само важен земјопоседник до тој момент, се здобил со статус на кралска резиденција кога царот Фридрих II ја повикал Елисабета I со официјално писмо. Во 1244 година, 28 години подоцна, Есен ја добил својата повелба и својот печат кога Конрад фон Хохштаден, Келнскиот архиепископ, влегол во градот и го подигнал градскиот ѕид заедно со населението. Ова овозможило привремено ослободување на населението на градот од прицезите-игумении, но ова траело сè до 1290 година. Таа година кралот Рудолф I Хабсбуршки го повратил целосниот суверенитет на кнегините-игумении над градот, на големо разочарување на населението на растечкиот град, кој се залагал за самоуправување и кралско непосредно влијание. Титулата „Слободен царски град“ била конечно одобрена од варот Карло IV во 1377 година. Сепак во 1372 година, Карло парадоксално ја одобрил одлуката на Рудолф I од 1290 година и со тоа ги оставил манастирот и градот под кралска заштита. Сепак имало спорови помеѓу градот и манастирот во однос на превласт на регионот сè до распуштањето на манастирот во 1803 година. Биле поднесени многу тужби до тогашниот врховен суд, една од нив траела скоро 200 години. Конечната одлука на судот во 1670 година била дека градот морал да биде соодветно послушен во односот спрема игумениите, но можел да си ги задржи старите права - одлука која воопшто не ги решила проблемите.
Во 1563 година, Градскиот совет, со неговото самоубедување дека е единствениот легитимен владетел на Есен ја претставил протестантската реформа. Католичкиот манастир немал доволно сили да се спротивстави на ваквиот развој на настаните.
Триесетгодишна војна
За време на Триесетгодишната војна, протестантскиот град и католичкиот манастир се спротивставувале еден со друг. Во 1632 година кнегињата-игуменија Марија Клара фон Шпаур, Pflaum und Valör успеала да ги насочи католичките Шпанци против градот со цел да иницира контра реформа. Во 1624 година бил донесен закон за рекатолизација и црковните обреди биле строго контролирани. Во 1628 година, градскиот совет се жалел поради овие закони во тогашниот врховен суд. Марија морала да побегне во Келн, кога Холанѓаните влегле во градот во 1629 година. Таа се вратила во летото во 1631 година следејќи ги Баварците под водство на Готфрид Хајнрих Граф цу Папенхајм, но сепак повторно си заминала во септември истата година. Таа умрела во 1644 година во Келн.
Војната се покажала како тежок удар за градот, со чести апсења, киднапирања и силувања. Дури и по Вестфалскиот мир во 1648 година, трупите останале сè до 9 септември 1650 година.
Индустријализација
thumb|upright|Трите прстена на Круп
Првиот историски доказ за важната рударска традиција во Есен датира назад до 14 век кога кнегините-игумении дозволиле рударски дејности. Првиот рудник за сребро бил отворен во 1354 година, но неспоредливо позначајниот јаглен не бил споменат сè до 1371 година, додека првите ископувања на јаглен започнале во 1450 година.