Бенгалци (бенгалски: বাঙালি}} baŋali) се индоариски народ автохтони на регионот Бенгал во Јужна Азија, кој денес е поделен по верска основа помеѓу Индија (хиндустански дел) и Бангладеш (муслимански дел). Бенгалците зборуваат на бенгалски јазик, кој воедно е еден од најисточните индоевропски јазици.
Бенгалците се третата најбројна нација во светот, после Кинезите и Арапите. Тие живеат во Бангладеш и во индиските држави Западен Бенгал, Трипура и Асам. Бенаглците ги има и во Пакистан, Британија и останатите држави каде има бенгалска дијаспора. Според верата Бенгалците се делат на: Бенгалски Муслимани, Бенгалски Хиндуси, Бенгалски Христијани и Бенгалски Будисти. Во многу мал број има и Бенгалски Евреи, Бенгалски Сики и Бенгалски Бахаи.
Наводи
Поврано Бенгалски јазик Бенгал Бангладеш
Надворешни врски
Бенгалци на Encyclopædia Britannica
Категорија:Индоариски народи Категорија:Етнички групи во Бангладеш Категорија:Етнички групи во Индија