Убиецот од 9 февруари (англиски: February 9 Killer) е име за сериски убиец кој убил две возрасни и едно новороденче во период помеѓу 2006 и 2008 година. Неговиот идентитет никогаш не бил откриен. Тој го добил прекарот според датумот кога ги убивал сите негови жртви - 9 февруари."Police searching for Feb. 9 serial killer" Fox13Now, 5 February 2011
Истрага Во 2009 година се случиле нерешените убиства на Соња Меџиа во Тејлорсвил, Јута и Дамјана Кастиљо во Вест Вели Сити исто така во Јута. Овие убиства биле поврзани откако се извршила ДНК анализа. Полициските власти издале опис на напаѓачот наведувајќи дека тој е Хиспанец во доцните тинејџерски години или рани 20 години. До денес случајот не е решен.
Жртви Соња Меџиа, убиена на 9 февруари 2006 година. Во времето на нејзината смрт, таа имала 29 години. Таа била силувана и задавена. Дамјана Кастиљо, била задавена во нејзиниот стан на 9 февруари 2008, имала 57 години. Новородено дете, на возраст од 5 или 6 месеци, исчезнало и никогаш не е пронајдено.
Наводи
Категорија:Мистерии Категорија:Неидентификувани сериски убијци Категорија:Јута