Алфонсо Џон Ромеро (р. ) — американски режисер, дизајнер, програмер и развивач во индустријата за видеоигри. Најпознат е како соосновач на id Software и дизајнер на многу од нивните игри, вклучувајќи Wolfenstein 3D, Dangerous Dave, Hexen, Doom и Quake. Неговите дизајни за игри и алатки за развој, заедно со новите техники на програмирање создадени и имплементирани од страна главниот програмер на id Software - Џон Д. Кармак, доведе до масовна популаризација на игрите во прво лице во 1990-тите години.

Животопис

Аркадната игра Space Invaders (1978) со нејзината идеја „погоди го вонземјанинот“ го вовела во светот на видеоигрите. Најголемо влијание на неговата кариера извршила играта Pac-Man (1980) бидејќи таа го натерала да размислува за дизајнот на видеоигрите.

Рана кариера

Првата игра развиена од Џон Ромеро била клонот на Crazy Climber, но таа не била објавена. Неговата прва објавена игра била Scout Search, првпат појавена во јуни 1984 во inCider, популарно Apple II списание во 1980-тите години. 

Наводи

Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Doom Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Далас Категорија:Quake