Елизабет Омореги (23 декември 1996, Атина, Грција) - словенечка ракометарка со бугарско потекло, среден бек на ЧСМ Букурешт и на словенечката репрезентација.

Таа најпрво настапувала за бугарската репрезентација, но во октомври 2017 година откако добила словенечко државјанство решила да настапува за оваа земја.

Животопис Омореги е родена и израснала во Атина, Грција, во семејство со четири деца на татко Нигеријец и мајка Бугарка. Omoregie, a Bulgarian handball pearl shining for Krim eurohandball.com Елизабет, исто така, има две сестри, Марија и Рејчел, и еден брат, Емануел. Семејството потоа се преселило во Плевен, Бугарија, каде што Елизабет одела на училиште. Уште од рана возраст, Омореги започнала да се занимава со спорт тренирајќи атлетика сè до 8 годишна возраст кога еден ден тренерите на бугарскиот ракометен клуб Ловеч 98 Наско Табаков и Габриела Петрова ја забележале и ја повикале да го промени спортот и да започне да тренира ракомет. Така тргнала по стапките на нејзината мајка, Наталија Асенова, која била ракометен голман. Во едно интервју за нејзиното дестство и промената на спорт Омореги изјавила: "Тогаш имав само 8 години, но многу брзо разбрав, дека ракометот ќе игра многу важна улога во мојот живот".Запознайте се с историята на голям български талант с баща нигериец (ВИДЕО и СНИМКИ) blitz.bg

Клупска кариера Во Бугарија Омореги ја започнала својата ракометна кариера во екипата на Ловеч 98, приклучувајќи му се на тимот под 10 години. Во 2007 година се преселила во екипата на Локомотив Варна, а една година подоцна во 2008 година и се приклучила на екипата на Шугар од нејзиниот град Плевен. Со овој клуб освоила три шампионски титули во категориите под 14, под 16 и под 19 години. Во сезоната 2011-2012 дебитирала за првиот тим на Шугар Плевен во бугарското првенство, завршувајќи како најдобар стрелец за сезоната и придонесувајќи за високото трето место во лигата на плевенчанскиот клуб.

Крим На 6 октомври 2014, на возраст од 17 години, Омореги ја напуштила Бугарија и потпишала договор со словенечкиот клуб Крим. Своето деби за новиот клуб го имала на 17 октомври 2014, постигнувајќи три гола во победата со 32-20 на домашен терен над австрискиот Хипо во Лигата на шампионите.Krim cruise past hapless Hypo eurohandball.com На 10 декември 2014, Омореги постигнала два гола во гостинската победа на Крим кај Жалец со 26-34 во словенечкото првенство.RK Zelene doline Žalec – RK Krim Mercator 26:34 (10:21) rkkrim.com Исто така со клубот настапувала и во Регионалната ракометна лига во која Крим завршил на разочарувачкото четврто место во конкуренција на пет клубови. На 13 февруари 2015, Омореги постигнала највисоки за неа 5 гола во својата деби сезона во Лигата на шампионите во поразот на домашен терен од Будуќност, по што Крим бил елиминран од натпреварувањето во главната фаза завршувајќи на последното место во групата. Подоцна истиот месец, Омореги потпишала нов договор со словенечкиот клуб за уште три сезони.Nadarjena Elizabeth Omoregie še tri leta v Krimu Во својата прва сезона во клубот ги освоила титулите во словенечкото првенство и Купот на Словенија.

На 14 ноември 2015, во поразот со 35-28 на гостувањето кај Баија Маре за првпат во кариерата постигнала двоцифрен број на голови во натпревар од Лигата на шампионите, завршувајќи со 10.

ЧСМ Букурешт На 27 април 2018 година било објавено дека Омореги потпишала договор со романскиот тим ЧСМ Букурешт, кој започнал да важи од летото истата година.И Лазовиќ се приклучува на егзодусот од Вардар во ЧСМ tocka.com.mk

Репрезентативна кариера Омореги настапувала за бугарската репрезентација, со која победила на ЕХФ Челенџ трофи 2014, турнир на кој била избрана и за МВП.Bulgaria defended “IHF/EHF Women’s Challenge Trophy 2014”

Во октомври 2017 година, словенечките медиуму објавиле дека Омореги добила словенечко државјанство и ќе може да игра за националната селекција на Словенија.

Титули Клупски Крим Словенечко првенство (3) : 2015, 2017, 2018 Куп на Словенија (4) : : 2015, 2016, 2017, 2018 Суперкуп на Словенија (3) : 2015, 2016, 2017

Наводи

Надворешни врски Профил на eurohandball

Категорија:Ракометарки Категорија:Живи луѓе Категорија:Бугарски ракометарки Категорија:Словенечки ракометарки Категорија:Ракометарки на РК Крим Категорија:Ракометарки на ЧСМ Букурешт Категорија:Родени во 1996 година