Даниела Николова — дипломиран историчар на Филозофскиот факултет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и долгогодишен музејски работник, и поранешен директор на Музеј на македонската борба за самостојност.
Кариера Како кустос-советник во НУ Музеј на Македонија, автор е на бројни изложби во земјата и во странство, учесник во меѓународни проекти, семинари и конференции. Координатор е на повеќе проекти од областа на музеологијата, историјата и културата во земјата во регионот.
Од меѓународните активности работела на Програмата за идентитети во Регионалното биро на УНЕСКО со седиште во Венеција, Програмата на материјално и нематеријално културно наследство, континуирана соработка со Јунус Емре (Турски културен центар), ТИКА, НЕМО, како и соработките со музејските институции во Македонија во регионот и пошироко.
Активен член е на ИКОМ, а има остварено и бројни проекти во соработка со невладините организациии и здруженија во земјата и странство.
Наводи
Категорија:Македонски историчари Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски општественици