Стрептокиназа (SK) е тромболитичен лек и ензим. Како лек се користи за разложување на тромби во некои случаи на миокарден инфаркт, пулмонален емболизам, и артериски тромбоемболизам. Типот на миокарден инфаркт при кој се употребува е миокарден инфаркт со ST елевација (STEMI). Се користи како интравенска инјекција.
Несаканите ефекти вклучуваат наузеа, крвавење, низок крвен притисок, и алергиски реакции. Не се препорачува да се употребува по вторпат текот на животниот век.
Стрептокиназата била откриена во 1933 година од Бета хемолитички стрептококи.
Контраиндикации Апсолутни Претходна интракранијална хеморагија Интракранијална неоплазма (примарна или секундарна) Исхемичен мозочен удар пред помалку од 3 месеци Суспектна аортна дисекција Активно крварење или друг проблем со крварење, освен менструација Значителна повреда на главата или лицето во последните 3 месеци Интракранијална или интраспинална хируршка интервенција во претходните 2 месеци Неконтролиран висок крвен притисок (кој не реагира на итна терапија) Претходен третман со стрептокиназа во последните 6 месеци
Релативни Историја на хронична, тешка, слабо контролирана хипертензија Значителна хипертензија при презентација (SBP >180 mm Hg или DBP >110 mm Hg) Историја на претходен исхемичен мозочен удар во последните 3 месеци Деменција Traumatic or prolonged (>10 min) CPR Скорешно внатрешно крварење (во последните 2 до 4 недели) Активен пептичен улцер Друга антикоагулантна терапија
Наводи
Категорија:Лекови кои делуваат на крвта и крвотворните органи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација