Фабио Јакобсен (; р. ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.

Неколку метри пред целта на првата етапа на Трката околу Полска 2020 доживеал тежок пад откако Дилан Груневеген скршнал од својата линија на движење, присилувајќи го Јакобсен во заштитните огради. Докторот на трката првично изјавил дека Јакобсен доживеал неколку тешки повреди, вклучувајќи сериозна повреда на мозокот и оштетувања на горните дишни патишта, скршена вилица и големо губење на крв и бил во животно-загрозувачка состојба. На 7 август 2020 година, организаторите на трката објавиле дека Јакобсен е надвор од вештачката кома и дека е во „добра состојба“.

Достигнувања

2016 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Слаг ом Норг 1. Етапа 2 ЗЛМ Тур 2017 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Трка околу Франкфурт под 23 години 1. Ронде ван Норд-Холанд Трка Олимпија 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 2 Тур де Л’Авенир 1. Етапа 2 Тур де Норманди 1. Етапа 4 Тур Алзас 2. Дорпеномлоп Рукфен 4. Меморијал Арно Валард 5. Слаг ом Норг 6. Европско друмско првенство под 23 години 8. Класик Зуид Ост Дренте 2018 1. Схелдепрејс 1. Нокере Курсе Трка околу Гуангси 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 6 1. Етапа 1 БинкБенк Тур 1. Етапа 1 Трка на Фјордовите 1. Етапа 4 Околу Словачка 2. Хале-Ингоигем 4. Дварс дор Вест-Вландерен 6. Трка за сеќавање на Големата војна 10. Класик Бретања 2019 1. 20п Национално друмско првенство 1. Схелдепрејс Вуелта а Еспања 1. Етапа 4 1. Етапа 21 1. Етапа 1 Волта ао Алгарве 1. Етапа 3 Трка околу Турција 1. Етапа 4 Трка околу Калифорнија 2. Елфстенденронде 2020 1. ГП Жан Пјер Монсере Волта ао Алгарве 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 1 Трка околу Полска 1. Етапа 5 Волта а ла Комунитат Валенсијана 4. Курне-Брисел-Курне

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти Категорија:Холандски етапни победници на Вуелта а Еспања