мини|Начо Монреал

Игнасио „Начо” Монреал Ерасо (Памплона, 26 февруари 1986) — професионален шпански фудбалер кој игра во одбрана на позицијата лев бек и центархалф. Играч е од лондонски ФК Арсенал и репрезентативец Шпанија.

Клупска кариера Монреал ја започнал фудбалската кариера играјќи во екипата Осасуна во родната Памплона, за која играл и во младите возрасни категории. За првиот тим Осасуна дебитирал во првентство на натпревар против екипата ФК Валенсија одиграна на 22 октомври 2006 година, а во текот на првата сениорска сезона одиграл на 10 првенствени и уште 6 натпревари во европски натпреварувања. Во наредните 4 сезони Начо станал стандарден играч на екипата од Памплона.

По истекот на договорот со Осасуна, во јуни 2011 потпишал петогодишен договор со екипата Малага, вреден е околу 6 милиони евра. Благодарение на одличните партии во дресот на екипата Малага привлекол внимание од мојќните клубови, а во зимскиот преоден рок 2013, после цела една и пол сезона во Малага, преминал во редовите на лондонски Арсенал со кој потпишал повеќегодишни договор вреден околу 10 милиони евра. Два дена подоцна дебитирал за лондонски тим во премиер лига победил над ФК Стоук Сити. Први гол за „Топџиите” постигнал на 16 март против Свонзи.

Во јануари 2016 го продолжил договорот со клубот на уште три сезони.

Репрезентативна кариера Монреал играл за младата репрезентација на Шпанија европско првенство 2009 каде одиграл сите три натпревари во групни фази.

Селектор на Хулен Лопетеги го вметнал на списокот репрезентативци на Шпанија за Светско првенство 2018 во Русија, но не одиграл ни една од четирите натпревари на шпанскиот тим на првенството.

Успеси и признание ФА куп (3): 2013/14, 2014/15, 2016/17 ФА Комјунити шилд (3): 2014, 2015, 2017

Поврзано ФК Осасуна ФК Арсенал Фудбалска репрезентација на Шпанија

Наводи

Категорија:Родени 1986 Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Осасуна Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2018 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Наварски фудбалери