мини|250x250пкс|Бонбони Бонбони или бонбон — тврди слатки направени од шеќер, со додадени бои и мириси. Зборот доаѓа од францускиот збор „Бон“ што значи нешто добро. Бонбоните се тврди и се јадат подолго време, и тешко може да се прегризат. Производителот на бонбони се нарекува бонбонџија.

Во минатоот, бонбоните се продавале на грамови од големи стаклени садови, а денес главните производители се фабриките и се пакувани во кесички по 100 грама.

Производство Сирупот, кој е мешавина од шеќер, вода, млеко и друго, се вари со одредена концентрација, или додека да се карамелизира. Во зависност од составот и должината на вриење, се добиваат различни видови на бонбони.

Бонбоната како мотив во уметноста и во популарната култура „Дожд од бонбони“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Поучни бонбнони“ — расказ на Џани Родари. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Бомби и бонбони“ (хрватски: Bombe i Bomboni) — песна на хрватската рок-група Структурне птице.Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храна Категорија:Кондиторски производи Категорија:Галицизми