Засенбург () — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри североисточно од градот Гифхорн и околу 15 километри северозападно од градот Волфсбург.

Седиштето на општината се наоѓа во селото Вестербек.

Географија

Општината се наоѓа на подрачје помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле, источно од Гифхорн и северозападно од Волфсбург. Во јужниот дел на општината во насока исток-запад поминува реката Алер. Истовремено, во насока север-југ поминува страничниот канал на Елба. Општината има површина од 8840 ha, од кои 17% се станбена и сообраќајна површина.Niedersächsisches Institut für Wirtschaftsfragen e. V. (Hrsg.): Regionalbericht 2006 : Wirtschaftsraum Braunschweig – Salzgitter – Wolfsburg. IHK Braunschweig, Hannover 2006. (PDF; 1.4 MB ).

Соседни општини

Соседни општини се (од север надесно): Варенхолц, Ера-Лесин, Барведел, Јембке, Бокенсдорф, Ослос, Калберла, Изенбител и Гифхорн.

Најблиски поголеми градови се Волфсбург и Брауншвајг.

Општински единици

Општината се состои од следниве населени места:

Даненбител Грусендорф Нојдорф-Платендорф Штиде Триангел Вестербек

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Гифхорн (округ)