Јулијан Дракслер (; роден на 20 септември 1993 година) — германски професионален фудбалер кој игра како крило за француски клуб Париз Сен-Жермен и германската репрезентација. Тој е познат по неговата способност да ги користи двете нозе, неговата брзина, и моќта на неговиот шут.

Дракслер го направил своето деби во Бундеслигата за Шалке 04, на возраст од 17 години во јануари 2011 година, а во мај истата година го постигнал првиот гол во финалето на германскиот Куп. Вкупно, тој одиграл 171 натпревар за Шалке, и постигнал 30 голови, пред да се прсели во тимот на  Волфсбург во 2015 година. Во јануари 2017, тој се приклучил на тимот на Париз Сен Жермен.

Целосната репрезентативна кариера со над 40 настапи од 2012 година, тој бил дел од Германската репрезентација со кој го освоил ФИФА Светското Првенство во 2014 година, и стигнал до полуфиналето на УЕФА Еуро 2016 година, додека во Купот на конфедерациите во 2017 година бил капитен на репрезентацијата со која го освоил турнирот. На Дракслер му бил доделен трофејот Златна Топка  како најдобар играч на натпреварот.

Клупска кариера

Наводи

Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери освојувачи на Светско првенство Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург