десно|мини десно|мини|Грб на Тјумењската област мини|Знаме на Тјумењската област мини|Тјумењска област Тјумењска област () е федерален субјект на Русија (област) во рамките на Уралскиот федерален округ. Административен центар е градот Тјумењ. Содржи два автономни округа, Ханти-мансискиот и Јамало-ненецкиот. Без автономните окрузи, Тјумењската област зафаќа површина од 159.870 км2 (вклучувајќи ги автономиите, ова е трета по големина поделбена единица во Русија) со население од 3.264.841 (2002). Тјумењ е најголемиот град, со над половина милион жители.
Географија Часовен појас 75п|лево
Тјумењската област спаѓа под Екатеринбуршката часовен појас (YEKT/YEKST). UTC +0500 (YEKT)/+0600 (YEKST).
Административна поделба
Демографија
Население: 3.264.841 (попис 2002).
Етнички групи: Во Тјумењската област постојат 36 признаени етнички групи, секоја со над 2000 души, и со тоа е една од етнички најразнообразните области во Русија. За време на пописот составот на населението бил следниот:
Руси:(71,56%); Татари:(7,18%); Украинци:(6,47%); Башкири:(1,43%); Азери:(1,30%); Белоруси:(1,10%); Чуваши:(0,93%); Ненци:(0,87%); Германци:(0,83%); Ханти:(0,82%); Казаци:(0,57%); Молдавци:(0,55%); Ерменци:(0,45%); Кумици:(0,38%); Мари:(0,34%); Лезгинци:(0,34%); Чеченци:(0,33%); Манси:(0,32%); Мордовци:(0,30%); Коми:(0,27%); Таџици:(0,24%); Сибирски Tатари:(0,24%); Узбеци:(0,24%); Удмурти:(0,19%); Ногаи:(0,13%); Бугари:(0,11%); Полјаци:(0,10%); Коми-Пермијци:(0.,10%); Грузијци:(0,10%); Кригизи:(0,09%); Авари:(0,08%); Даргини:(0,08%); Гагаузи:(0,08%); Ингуши:(0,07%); Роми:(0,06%); Грци:(0,06%); Селкупи:(0,06%); Осети:(0,06%); Коми-ижеми:(0,05%); Евреи:(0,05%); Корејци:(0,05%), останати 0,50%.
Покрај ова, дополнителни 0.96% од населението не одговорило на прашањето.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Тјумењската област
Категорија:Држави и територии настанати во 1944 година