Тобијас Албертин Мауриц Алдервеирелд (роден на 2 март 1989 во Антверпен) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ројал Антверпен и поранешен репрезентативец на Белгија (2009-2022).
Алдервирелд ја започнал својата кариера во холандскиот клуб, Ајакс, каде како продукт на академијата на клубот дошол до првиот тим и освоил три последователни титули во холандското првенство. Во 2013 година, тој се преселил во Атлетико Мадрид, каде што уште во првата негова година го освоил шпанското првенство и стигнал до финалето на Лигата на шампионите. Следната година ја поминал на позајмица во Саутхемптон, оставајќи одличен впечаток во Премиер лигата на Англија, по што трајно се преселил во ова првенство во летото 2015 година кога потпишал за Тотенхем. Токму во овој лондонски клуб поминал најголем дел од својата кариера, играјќи 6 сезони во кој запишал 236 настапи и одиграл уште едно финале на Лигата на шампионите во 2019 година. Откако го напуштил на Тотенхем, одиграл една сезона во , пред да се врати во својот роден град каде од 2022 година настапува за Ројал Антверпен.
За репрезентацијата на Белгија, Алдервеирелд настапувал од 2009 до 2022 година, забележувајќи 127 настапи и 5 голови; моментално тој е на третото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. За својата земја настапил на три Светски во 2014, 2018 и 2022 и две Европски првенства во 2016 и 2020.
Титули Ајакс Ередивиси : 1 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013 Куп на Холандија : 1 2009-2010 Суперкуп на Холандија : 1 2013
Атлетико Мадрид Примера Дивисион : 1 2013-2014
Ал-Духаил Куп на емирот на Катар : 1 2022
Ројал Антверпен Белгиско првенство : 1 2022-2023 Куп на Белгија : 1 2022-2023 Суперкуп на Белгија : 1 2023
Репрезентативни Белгија Светско првенство во фудбал : 20px|Бронзен медал Трето место: 2018
Наводи
Надворешни врски
Тоби Алдервеирелд на soccerway Тоби Алдервеирелд на transfermarkt Тоби Алдервеирелд на espn Тоби Алдервеирелд на whoscored
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Живи луѓе