мини|десно|Посејдон држи тризабец Тризабец — оружје што наликува на копје што на врв има три големи метални запци, познат е од старогрчката митологија бидејќи го имал богот Посејдон, односно Нептун кај Старите Римјани, но и други богови. Тризабецот е симбол на три најголеми острови на Атлантида.

Најпрво служел само за риболов. Во времето на Римското Царство тризабецот (-ridens) бил често оружје на гладијаторите (retiari) во арената.

Тризабец е втиснат на парите на некои антички градови.

Златен тризабец, кој води потекло од византиска хералдика, денес е мотив на грбот на Украина. Тризабец е прикажан и на знамето на Барбадос. Италијанскиот произведувач на автомобили „Мазерати“ го користи тризабецот како свој заштитен знак.

Галерија

Поврзано Список на оружја во средниот век

Наводи

Категорија:Ладно оружје Категорија:Риболовна опрема Категорија:3 (број)