Дубљани — населба од римско време во атарот на селото Бистренци, Македонија. Археолошкото наоѓалиште е наречено според поранешното село Дубљани. На просторот на денешната населба Бистренци, крај левиот брег на Вардар, во непосредна близина на католичката црква „Св. Јосиф“ се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и една плоча од мермер на која е релјефно претставено машко лице на средна возраст. Плочата се наоѓа кај Ј. Трајков од селото Бистренци.
Поврзано Корминиш — некропола од доцноантичкото време; Ограѓе — црква со некропола од старохристијанско време; и Рудина — населба и некропола од римското време; Бистренци; Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
Категорија:Бистренци