Дихтау (, ) — планина во републиката Кабардино-Балкарија, Русија чиј врв лежи на само 5 км северно од границата со Грузија. Ова е втора планина по висина на Кавказот, по Елбрус и втора по висина во Европа. Името ѝ доаѓа туркискиот поим дик даг со значење „остра планина“.
Пристап Најдобриот пристап е од север (од руска страна). До селото Безенги се доаѓа од Наљчик (Кабардино-Балкарија) со јавен превоз кој сообраќа поретко; од ова место се изнајмува теренско возило до алспкиот логор „Безенги“ на висина од 2.180 м. Од логорот потребни се два дена за да се дојде до базата на искачување (шаторскиот логор).
Искачувачки правци Ова е еден од највеличествените врвови на Кавказот кој гледа кон Ѕидот Безенги спроти истоимениот ледник. Првпат е освоен во 1888 г. од А. Мамери и Х. Царфлу преку Југозападниот Срт, иако денес искачувањето се одвива по Северниот Срт со тежина од 4Б според руската класификација.
Почнувајќи од Мисескош, до сртот се доаѓа најпрвин преку Западниот Срт на Мисестау, продолжувајќи кон шаторскиот логор крај висечки ледник кој се спушта од Северниот Срт на Дихтау, на 4 часа од Мисескош. Потоа се преминува длабоко всеченото седло помеѓу Мисестау и Дихтау, па се следи Северниот Срт сè до највисоката точка. Од шаторскиот логор потребни се два дена до врвот, а по Северниот Срт има неколку добри места за логорување.Подробна карта на Дихау
Наводи
Надворешни врски
Дихтау — SummitPost Дихтау — Tourenwelt.info
Категорија:Кавказ Категорија:Географија на Кабардино-Балкарија Категорија:Седум втори врвови Категорија:Петилјадници