Војната за Чако (1932–1935; , Mombe’uhára Paraguái ha Boliviaygua Jotopa III, Cháko Ñorairõ rehegua . Secretaría Nacional de Cultura de Paraguay) бил вооружен судир помеѓу Боливија и Парагвај за превласт и контрола на северните делови на слабонаселениот регион Гран Чако во Јужна Америка. Во тогашно време се сметало дека регионот е богат со нафта. Оваа војна во книжените кругови се нарекува и „Војната за жед“ бидејќи битките се одвивале во полусушни предели.

Војната за Чако е една од најкрвавите војни во Јужна Америка во 20 век и се одвивала помеѓу двете најсиромашни јужноамерикански држави во тоа време, а воедно и двете држави кои изгубиле своја територија во минатото за сметка на соседите. Двете држави се без излез на море и имале потешкотии за внесување на оружје преку соседните држави. Боливија имала и дополнителен проблем со слабата внатрешна комуникација во државата. Иако Боливија имала подобро опремена и обучена армија, сепак сплетот на настаните резултирале со победа на Парагвај. Војната завршила со мировен договор, со кој две третини од оспорената територија им припаднале на Парагвај.

Литература

Наводи

Надворешни врски

Руски придонес за војната за Чако Тамањо, Густаво Адолфо (2008). Заборавена историја: Тенкови во војната за Чако— Слики од парагвајски топовници Боливиски воени пловила —

Категорија:Војна за Чако