ЧС Университатеја Крајова 1948 (), У Крајова, или ЧС У Крајова — фудбалски клуб од градот Крајова, Романија. Моментално се натпреварува во Лига 1, највиското ниво на романскиот фудбал.
Клубот е основан во 1948 година како фудбалски оддел на спортскиот клуб "ЧСУ Крајова", од кои првично бил дел од 1991 година. За време на тој период, клубот освоил 4 национални титули и 5 национални купови. Во следните две децении нејзината традиција била преземена од страна на ФК У Крајова, која неколкупати била реорганизирана и ретроактивно се сметала за неофицијален наследник. Во 2013 година, спортскиот клуб го обновил фудбалскиот оддел, кој тврдел дека е продолжение на оригиналната Университатеја Крајова; ова тогаш било поддржано од некои судски налози и Лига Професиониста де Фотбал, но сепак случајот сè уште се оспорува со организацијата ФК У и неизвесноста и понатаму продолжува. Во 2018 година, "бело-сините" го освоиле Купот на Романија, што претставувал нивен прв трофеј по ре-основањето.
На европска сцена, најдобрите настапи на Университатеја Крајова се полуфиналето во Купот на УЕФА (1982-1983) и четвртфиналето во Купот на шампионите (1981-1982). Тие биле првиот романски тим кој стигна до полуфиналето на некое УЕФА натпреварување и остануваат единствениот којшто има елиминирано најмалку еден клуб од секоја од петте најсилни фудбалски лиги во европскиот фудбал: Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Јон Облеменко, кој има капацитет од 30,929 седечки места. Крајова има неколку соперништва, а најзначајно е она со Динамо Букурешт. Традиционалните бои на клубот се сината и белата.
Историја Раните години на фудбалот во Крајова (1921–1958)
Историјата на фудбалот во градот Крајова започнала во 1921 година, кога биле основани првите клубови: Крајован Крајова и Ровине Гривица Крајова. Во 1940 година, двете екипи се споиле што водело до создавање на еден од најуспешните романски клубови во меѓувоениот период, ФК Крајова, кој бил исто така првиот тим од градот кој го освоил романското фудбалско првенство. Сепак, титулата во сезоната 1942-1943 година не е официјално призната од ФФР и ЛПФ поради неофицијалниот карактер на натпреварувањето во таа сезона.
Веднаш по основањето на првата високообразовна институција - Институтот за машини и електрични уреди - група наставници и студенти го основале ЧСУ Крајова во 1948 година, спортски клуб во кој содржи повеќе спортски дисциплини како атлетика, одбојка, ракомет, пинг-понг, шах и фудбал.
Под координација на Министерството за јавно образование и Националната унија на студенти во Романија, фудбалскиот клуб УНСР Крајова (Униуња Национала а Студенцилор дин Романија; романски: Uniunea Națională a Studenților din România) бил формиран и запишан во окружното првенство. Првиот официјален натпревар на клубот се одржал на 5 септември 1948 година во Филиаши), во кој сепак "Студентите" биле поразени со 6-3. Бело-синиот дрес за првпат бил облечен од играчите кој ја сочинувале следнава постава: Думитреску - Раделеску, Михаила I, Карли - Озон, Михаила II - Сабин, Илие, Бадеску, Тудор, Серги, под команда на главниот тренер Н. Полојински.
Во 1950 година фудбалскиот дел го променил своето име од УНСР Крајова во ЧСУ Крајова, истото име како и матичниот клуб. Во 1951 година, ЧСУ Крајова го победила со 6-0 локалниот соперник, Конструкторул Крајова, во она што требало да биде првиот официјален натпревар одигран во Купот на Романија. Во 1953 година, клубот го сменил своето име повторно, овој пат во "Штинца Крајова", а една година подоцна во плејофот за промоција во Дивизија Б игран во Арад, Штинца, водена од тренерот Николае Оцељну, се квалификувала за првпат во својата историја во вториот ешалон на романскиот фудбал за сезоната 1955-1956. Сепак, по само една сезона во Дивизија Б, клубот испаднал и се вратил назад во Дивизија Ц и останал во тоа ниво до 1958 година.
Растечки тим (1958-1970)
Во 1958 година, Штинца по вторпат изборила промоција во втората лига, по борбата на работ на ножот во третата серија на Дивизијата Ц со Униреа Р’мнику В’лча: На крајот од сезоната двете екипи завршиле со 34 бода, но со предност во директните натпревари за сино-белиот тим.Divizia C Season 1957-58. romaniansoocer.ro Во првата сезона по промоцијата, Крајова завршила само на 13-то место, од 14 екипи, но напредувала во следните сезони: 1959-1960 - биле 10-ти, 1960-1961 - 2-ри, но далеку од првото место окупирано од Динамо Питешт, 1961-1962 - 4-ти, 1962-1963 - 4-ти. Сезоната 1963-1964 во романската Дивизија Б била драматична, со четири екипи во борба за промоција во првата лига од втората. На крајот, "Студентите" ја освоиле промоцијата, но завршиле со ист број бодови со второпласираниот, Металул Трговиште, еден бод пред екипата која завшила на 3-тото место, Појана Кампина и два бода над 4-тото место, на кое се нашла екипата на Динамо Бакау. Овој историски чин бил "потпишан" од тренерот Николае Оцељану и следниве играчи: Думитреску, Василеску, Гелериу, Лунган, Делиу, Барбулеску, Тетеа, Ганга, Антон, Ловин, Оња, Вишан, Станкиу, Папук, К.Стеснеску, А.Стенеску.
Како и во претходните промоции, првата сезона во Дивизија A била многу тешка за сино-белите кој се спасиле од испаѓање во последните кругови, со само еден бод повеќе од првиот испаднат тим, Минерул Баја Маре. На крајот на следната сезона, Штинца била рангирана на 8-мото место, во средината на табелата, и тие веќе ги поставиле првите основи на тимот способен да се фрли во борбата за титулата.
Летото 1966 година, клубот повторно го променил своето име, овојпат од Штинца Крајова во Университатеја Крајова, име кое ќе остане засекогаш на усните на сите љубители на фудбалот и поддржувачите на клубот од Романија. Сепак, навивачите продолжиле да го вклучат во своите песнопенија името Штинца. Во тешките моменти од натпреварите, познато е дека поддржувачите на Университатеја имаат тенденција да пеат : Hei, hei, hai Ştiinţa!.
Во сезоните што уследиле Университатеја имала тренд на спротивставени резултати, во некои од нив тимот ја воодушевувал публиката во други помалку, но останал во првата поделба, без оглед на ситуацијата: 1966–1967 – 3-ти, 1967–1968 – 11-ти, 1968–1969 – 7-ми, 1969–1970 – 4-ти. По 12 години градење конечно бил завршен тимот кој ќе ја воодушеви публиката во наредните две децении.
„Шампион на големата љубов“ (1970-1979) Крајова ги започнала 70-тите години со тим граден околу Јон Облеменко и неколку други играчи со голема вредност како: Петре Деселнику, Теодор Царалунга, Лучијан Страмбеану и Думитру Марку, меѓу другите. Почетокот на деценијата не бил најубедлив, но бил пристоен, со освојувањето на шестото место на крајот на сезоната 1970-1971 и осмото место на крајот на сезоната 1971-1972. Првиот значаен обид на студентите да засијаат со титулата се случил во сезоната 1972-1973, кога завршиле со ист број бодови со Динамо Букурешт, но сепак шампионската титула на крајот од сезоната отишла кај Динамо, поради подобрата гол-разлика. Оваа сезона останала во историјата како сезона во која се родил прекарот: "Шампион на големата љубов", прекар создаден од поетот Адријан Паунеску, голем обожавател на тимот од Бани, кој го именувал Динамо само како шампион на земјата, укажувајќи на некој сомнителни околности, за кои тој вели, дека биле причината Крајова да ја загуби титулата.Craiova, campioana unei mari iubiri » O idee care a intrat în legendă. gsp.ro
thumb|left|270px|Университатеја Крајова (1973–1974) Во сезоната 1973-1974, борбата за титулата повторно се водела помеѓу Университатеја и Динамо, но овој пат клубот од Крајова ја освоил титулата со еден бод повеќе од Динамо, станувајќи прв универзитетски клуб кој ја освоил националната титула во некоја од лигите во Европа. Достигнувањето било уште поизразено бидејќи Динамото се сметал за расипан тим на комунистичкиот режим, што често влијаело и врз резултатите, како и по инцидентите од претходната сезона, додека на Университатеја сè повеќе се гледало како претставник на народот, на едноставниот човек во борбата со комунистичкиот режим, на чист фудбал и на фудбал кој се игра на теренот против оној во кој доминираат аранжмани и влијанија, така фразата "Шампион на големата љубов" добива сè поголема моќ, вклучително и во годините што доаѓаат.Campioana unei mari iubiri! Prima echipă de legendă a Universităţii Craiova s-a 'născut' în anii 70!. ProSport Историскиот состав кој ја освоил првата титула бил воден од тренерите на Константин Чернајану и Константин Оцет, и ги содржел следните играчи: Опреа, Манта - Никулеску, Бадин, Деселнику, Веља, Страмбеану, Иван, Ница, Балач, Берњану, Царалунга, Облеменко, Балан, Пана, Боц, Штефанеску, Марку, Станческу, Кис, Киву, Негрила и Константинеску.
Следната сезоната 1974-1975 му го донела на клубот првото европско искуство, во кое по двоен натпревар загубиле од шведскиот Отвидаберг со вкупен резултат 3-4 во првото коло од Купот на шампионите, но и пристојното трето место на крајот на првенството. Сезоната 1975-1976 донела значителен пад, тимот ја завршил сезоната само на 6-тото место и објавиле промена на генерацијата во екипата. Во последната сезона на легендарниот Јон Облеменко во сино-белиот дрес на Университатеја, очекувањата повеќе не биле толку високи, но тимот од Крајова повторно ја изненадил јавноста, освојувајќи го за првпат во својата историја Куп на Романија победувајќи ја во финалето Стеауа Букурешт, како начин генерацијата на Облеменко да се збогува со навивачите. Исто така, тимот завршил на 3-тото место во Дивизија А.
И со направената смена на генерација, Университатеја продолжила да импресионира кога во 1978 година го одбранила трофејот во Купот на Романија, кој го освоила година-дена претходно, овојпат славејќи победа во финалето над Олимпија Сату Маре и 6-тото место во лигата. Во сезоната 1978-1979 клубот завршил на 4-тото место во лигата, додека во Купот на победниците на куповите клубот бил отстранет во првиот круг од германската Фортуна Диселдорф.
Крајова Максима (1979-1990)
Крајова Максима била втората златна генерација на Университатеја и тим кој ги остварил, особено во раните и средината на 1980-тите, најзначајните континентални перформанси во историјата на клубот. Тоа бил состав составен од многу играчи кои пораснале во близина на првиот златен тим, а исто така овој тим дал голем дел од "р'бетот" на романската репрезентација, со играчи како што биле: Илие Балач, Родион Каматару, Костика Штефанеску, Золтан Кришан, Јон Геолгау, Аурел Белдеану, Костика Доносе и Силвиу Лунг меѓу другите.
На крајот од сезоната 1979-1980 Университатеја по вторпат во својата историја станала шампион на Романија. Составот на тимот во оваа сезона бил: Болдичи, Лунг - Негрила, Тилихои, Штефанеску, Унгуреану, Балач, Белдеану, Кришан, Доносе, Каматару, Геолгау, Карцу, Иримеску Пурима и Чиупиту - тренери Валентин Станеску и Јон Облеменко. Во оваа сезона Университатеја направила одлична кампања и во Купот на УЕФА каде ги елиминирала Виенер СК и Лидс Јунајтед, пред да бидат запрени во третата рунда од германската Борусија Менхенгладбах, со вкупен резултат 1-2.
Тимот добил крилја и направил фантастична сезона (1980-1981), освојувајќи ја историската двојна круна, со освојувањето на првенството и купот. Како резултат на овие перформанси, студентите се квалификувале за Европскиот куп на шампиони во сезоната 1981-1982 каде "Крајова Максима" станала доста популарна по елиминирањето на Олимпијакос и КБ, пред да биде запрена во четврт-финалето од германскиот гигант Бајерн Минхен, со 1-3 вкупен резултат, што претставувало историски успех за романскиот фудбал во тоа време.