Спектар е меѓународно списание на Институтот за македонска литература во Скопје.
Историјат
Првиот број на списанието излегол во 1983 година. Списанието излегува двапати годишно. Главни уредници на списанието биле: Гане Тодоровски, Георги Сталев, Вера Стојчевска-Антиќ, Ѓорѓи Поп-Атанасов, Душко Наневски, Саво Цветановски и други. Списанието од 2010 година го уредува меѓународна редакција. До 2018 година од Спектар излегле вкупно 72 броја. Неговиот профил е познат и достапен во сите славистички центри, научни и универзитетски установи и големи библиотеки.
Рубриките во списанието се: Литературна историја, Современа македонска книжевност, Литературни врски-репринт од светот, Теорија/Поетика, Мит-Фолклор и Прикази.
Наводи
Категорија:Македонски списанија