Опис на смртта (српски: Опис смрти) - збирка раскази на српскиот писател Давид Албахари од 1982 година. Збирката е добитник на Андриќевата награда.

Содржина Збирката се состои од три циклуси раскази: „Прво лице“, „Трето лице“ и „Без лица“.Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004. „Прво лице“ (1974) „Евангелие по мојот татко“ „Мама“ „Прошетки крај реката“ „Есеи“ „Големиот бунт во нацистичкиот логор во Штулн“ „Влага“ „Тигарот кому на грбот глобот“ „Недовршен ракопис“ Град“ „Кино“ „Човекот кој го уби Либерти Валанс“ „Антонио кој носи смрт“ Годзила, морското чудовиште Обид за опис на смртта на Рубен Рубеновиќ, поранешен трговец со штофови „Трето лице“ (1978) „Некои работи нема никогаш да ги дознаеме“ „Без лица“ (1982) „Филм на телевизија“ „Гарсоњера“ „Зборовите се нешто друго“ „Ѕид“ „He Ain't Heavy, He's My Brother“

Осврт кон делото Осврнувајќи се на збирката во 2004 година, самиот автор вели дека граматиката во неа е уредна, времеснката рамнина е прецизно одредена, дејството се одвива само во минато време или само во сегашно време, а наспроти привидната разбрануваност, расказите се многу спокојни. Притоа, привидната разбрануваност потекнува од растргнатата форма и од непрекинатите промени низ кои поминуваат расказите во збирката, кои се одликуваат со т.н. формално жонглирање. Во збирката, самата форма ја претставува приказната во која фрагментот е поцелосен од целината, додека тишината и празнините во текстот зборуваат попрецизно од употребените зборови. Со други зборови, збирката може да се опише како поетика на играта и фрагментарноста.„Тоњење у форму“, во: Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 151-153.

Наводи

Категорија:Дела на Давид Албахари Категорија:Книги од 1982 година Категорија:Српски раскази Категорија:Книги наградени со Андриќевата награда