Архангел Гаврил — црква во близина на селото Модрич.

Местоположба

Црквата се наоѓа на околу 5 километри источно од селото и до неа води исклучување од десната страна на патот кој води кон селото Дренок.

Историја

Камен-темелник и осветување на местото за изградба на денешната црква бил поставен на 26 јули 2000 година од страна на митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј.

Архитектура

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида во задниот дел и купола со осумаголна основа. Секоја втора страна од купоалта содржи по една монофора, додека на останатите има по еден монофорен облик. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на која е насликан Архангел Гаврил. Црквата е изградена од камен и во целост е покриена со лимен кров.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Втора струшка парохија Модрич

Наводи

Надворешни врски

Модрич