Борче Панов — македонски поет и есеист.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 193 - 194.

Животопис Панов е роден на година во Радовиш. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи во локалната самоуправа на Општина Радовиш. Тој станал член на ДПМ во 1998 година. Автор е на книгите: „Што виде Чарли Ч од наопаку“ (поезија, 1991), „Циклонско око“ (поезија, 1995), „Стоп Чарли“ (2002), „Такт“ (2006), „Гатанка од стакло“ )2009), „Базилика на ракописот“ (2010), „Заумна вечера“ (2012), „Вдах“ (2014), „Човечки тишини“ (2016), „Уханија“ (2017) и „Глочка школка“ (2018). Автор е и на осум драми. Во 2016 година, бил објавен избор на неговата поезија на бугарски јазик - „Честички хематит“, во 2017 година во Словенија, на словенечки јазик била препеана и објавена неговата поетска книга „Вдах“ а потоа, во издание на УКС Србије, бил објавен изборот од неговата поезија „Бријање балона“ на српски јазик. Добитник е на наградата за најдобра дебитантска книга на „Студентски збор“. Член е на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија. Наводи

Категорија:Луѓе од Радовиш Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“