Артур Ешкин (- ) — американски научник и нобеловец кој работел во Беловите лаборатории и Лусент Технологис. Ешкин за многумина бил таткото на оптичките пинцети, "LaserFest – the 50th anniversary of the first laser" за што бил награден со Нобелова награда за физика во 2018 година. Тој е најстариот нобеловец кој добил Нобелова награда на возраст од 96 години. Тој живее во Румсон, Њу Џерси.Former Bell Labs scientist, 96, wins Nobel Prize for laser 'optical tweezers' October 2, 2018
Ешкин ја започнал својата работа на манипулирање на микрочестички со ласерска светлина при крајот на 1960-ите што довело до осмислувањето на оптичките пинцети во 1986 година. Тој исто така бил и пионер во процесот на оптичко заробување што на крајот довело до можноста за манипулција на атомите, молекули и биолошки клетки. Клучната појава е зрачниот притисок на светлината, овој притисок може да се разгледува како оптички градиент и расејни сили.
Младост и семејство Артур Ешкин се родил во Бруклин Њујорк, во 1922 година, како член на семејство украински Евреи. Негови родители биле Исидор и Ана Ешкин. Тој исто така имал и брат, Јулиј, кој бил исто така физичар, и сестра, Рут. Постарата сестра, Гертруда, починала млада. Семејството живеело во Бруклин, Њујорк, на 983 улица Е 27. Исидор се преселил во САД од Одеса (тогаш Руско Царство, денес Украина), на возраст од 18 години. Ана, пет години помлада исто така по потекло од денешна Укриана, Галиција, тогашно Австроунгарско Царство."United States Census, 1930", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/X7X3-3YL : accessed December 23, 2013), Isadore Ashkin, Brooklyn (Districts 1251–1500), Kings, New York, United States; citing enumeration district (ED) 1261, sheet , family 298, NARA microfilm publication."United States World War I Draft Registration Cards, 1917–1918", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/KXY5-7XY : accessed December 23, 2013), Isadore Ashkin, 1917–1918; citing New York City no 86, New York, United States, NARA microfilm publication M1509, (Washington D.C.: National Archives and Records Administration, n.d); FHL microfilm 001765586."United States World War II Draft Registration Cards, 1942", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/F3CQ-T4W : accessed December 23, 2013), Isadore Ashkin, 1942."United States Census, 1920", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/MJRV-1VW : accessed December 23, 2013), Isdor Ashkin, Brooklyn Assembly District 18, Kings, New York, United States; citing sheet, family 342, NARA microfilm publication T625, FHL microfilm 1821173. За десетина години по неговото пристигнување во Њујорк, Исидор станал амаерикански граѓанин и управувал со стоматолошка лабораторија на улица Деланси број 139 во Менхетен.
Ешкин, својата сопруга Елин, ја запознал на универзитетот „Корнел“, и се во брак повеќе од 60 години и имааат три деца и пет внуци. Таа била наставник по хемија во средното училиште Холмдел, а нивниот син Мајкл Ешкин, е професор по уметност на универзитетот „Корнел“.
Образование Ашкин матурирал во Бруклинското средно училиште Џемјмс Мадисон во 1940 година. По што се запишува на универзитетот „Колумбија“ и бил техничар во Зрачната лабораторија во универзитетот која била задолжена со изградбата на магнетрони за радарските потреби на американската војска. Иако бил повикан за служба во војската во својата втора година од образованието за време на Втората светска војна, неговиот стаус бил заменет со резервист, и ја продолжил својата работа во лабораториите. Во текот на овој период, според негобите лични сеќавања во лабораториите присуствувале нобеловци.
Ешкин ги завршил студиите стекнувајќи титула дипломиран физичар од ѕниверзитетот „Колумбија“ во 1947 година. Подоцна заминува на универзитетот „Корнел“ каде изучувал јадрена физика. Ова било во периодот на проектот „Менхетен“ и неговиот брат, Јулиј Ешкин,бил дел од проектот. Токму тука Ешкин се запознава со Ханс Бете, Ричард Фајнман и остантите ки во тој период се дел од универзитетот „Корнел“.
Тој својот докторат го стекнал на универзитетот „Корнел“ во 1952 година, по што заминува да работи за Беловите лаборатории по покана и препорака на Сидни Милман, кој бил ментор на Ешкин за време на неговите стиудии.
Кариера
Во беловите лаборатории, Ешкин работел на полетоп на микробранови од 1960 до 1961, по што се префрла на ласерските истражувања. Неговите објавени истражувачки трудови од тој период се однесуваат на нелиниската оптика, оптичките влакна, параметарски осцилатори и параметарски засилувачи. Исот така, во Беловите лаборатории во текот на 1960-ите, тој бил сооткривач на Фоторефрактивниот метод во пиезоелектричниот кристал.
Тој бил член на повеќе друштва, како што се Оптичкото друшѓтво (ОСА), Американското друштво на физичари (АДФ), и Институт за електрично и електронско инженерство (ИЕЕЕ). Тој се пензионирал во Беловите лаборатории во 1992 година по 40 годишна кариера при што дал придонес во бројни области на експерименталната физика. Бил автор на многу истражувачки трудови во текот на годините и е носител на 47 патенти. Добитник е на наградата „Џозеф Кејтли“ за унапредувања на мерењата во физиката во 2003 година и на Харвиевата награда во 2004 година. Бил избран за член на националната академија за инженерство на САД во 1984 година и на националната академија за науки на САД во 1996 година. Тој бил прогласен за член на Халата на познати иноватори во 2013 година. Моментално, тој продолжува со својата работа во неговата домашна лабораторија.
Покрај оптичките пинцети, Ешкин е познат и по изучувањето на фоторефракцијата, создавањето на второстепени хармоници и нелинсиката оптика во оптичките влакна.
Неодамнешните достигнувања во физиката биологијата користејќи оптичко микроманипулирање е постигнувањето на Бозе-Ајнштајнова кондензација во атмоските пареи при температури помали од миликелвин, прикажувањето на атомските ласери, и деталното мерење на поединечните молекули на моторот.
Ешкиновата работа е основата на работата на Стивен Чу за ладење и заробување на атоми, поради чии истражувања Чу се стекнал со Нобелова награда за физика во 1997 година.
Нобелова награда
На 2 октомври 2018 година, Ешкин е награден со Нобелова награда за физика за неговата работа на оптичкото заробување, при што наградата ја споделува со Дона Стрикленд и Жерар Муру кои ја добиле другата половина од наградата. Ешкин наградата ја добил за н неговиот пронајдот „оптичка пинцета“ со кои може да се фаќаат честички, атоми, вируси и други животински клетки со т.н. ласерски прсти. Користејќи го зрачниот притиок на светлината тој успевал да поместува физички тела, сон на научната фантастика, според Шведската кралска академија на науките.
На возраст од 96 години, тој е и најстариот добитник на Нобеловата награда. Ешкин добива половина од наградата додека другата половина е поделена од страна на Жерар Муру и Дона Стрикленд за нивната работа на засилувачите на ултракратки импулси, техника денес во употреба за ласерско машинство што им овозможува на докторите секоја година да изведуваат милиони корективни операции на очите.
Наводи
Надворешни врски
Frontiers in Optics 2010. The Optical Society.
National Academy of Engineering: Member listing National Academy of Sciences: Member listing Ashkin's Book on Atom Trapping Frederic Ives Medal
Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Американски нобеловци Категорија:Оптички физичари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Корнел“ Категорија:Истражувачи на ласерот Категорија:Членови на Оптичкото друштво Категорија:Членови на Американското физичко друштво Категорија:Еврејски физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Американската академија на инженерството